Македонското знаме на Тур де Франс

Македонското знаме се вееше на вчерашната етапа на Тур де Франс. Најмалку двајца македонски љубители на велосипедизмот или на планината, вчера го развија македонското знаме на една од најтешките и највозбудливите етапи на најпрестижната велосипедска трка во светот.

Ретки беа телевизиските гледачи во Франција и во светот, кои не го забележаа македонското знаме, неговите носители го развија само на десетина метри, во последната кривина пред целта на врвот Галибие - Сер Шевалие на надморска височина од 2.645 метри надморска височина, добро видливо во телевизискиот кадар.

Лидерот на трката, французинот Тома Воклер во епски напори успеа да ја зачува жолтата маичка, зачувувајќи предност од само 15 секунди пред луксембуржанецот Анди Шлек кој заедно со неговиот брат Франк ја анимираа вчерашната осумнаесетта етапа, во која ланскиот победник шпанецот Алберто Контадор ги изгуби шансите да победи и годинава.

На само три етапи пред пристигнувањето на Елисејските полиња, победникот е неизвесен, Воклер, браќата Шлек и Еванс сите имаат шанса да победат на Тур де Франс.

Тур де Франс е најгледаниот спортски настан во светот по Олимписките игри и Светското првенство во фудбал.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Женска логика

Патувам со градски.
Преполн е и баш не ми се турка до апаратот за да ја поништам картата.
Ќе ја замолам жената пред мене да ја поништи.
Како да и се обратам,...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
330.- Константинопол (сегашен Истанбул) стана...
1896.- Во Чаковец е роден Јосип Славенски,...
1904.- Во Фигерас е роден е Салвадор Дали,...
1916.- Умре Макс Регер, германски композитор на...