Металург посакува прва победа во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Металург, в сабота ќе го одигра првиот натпревар од Лигата на шампионите. На отворањето на новата сезона во најквалитетното натпреварување Металург го пречекува шампионот на Словенија, Цимос Копер.

- Чест е да се игра во Лигата на шампионите. Не можеме да ветиме дека ќе победиме, но имаме право да се бориме со секој противник и на секој натпревар ќе дадеме се од себе. Имаме право позитивно да размислуваме и тоа ќе не донесе до успех. Патот до победата е ако веруваме и ако одиграме дисциплинирано и тактички мудро, а пред се треба да одиграме добро во одбраната, истакна Лино Червар тренерот на Металург на денешната прес-конференција.

Поради повреда на овој натпревар нема да игра Миладин Козлина, додека Дамир Батиновиќ е неизвесно колку ќе може да игра. Позитивно за македонскиот шампион е што за натпреварот е подготвен Наумче Мојсоски.

Капитенот Ванчо Димовски му ја пропушти на противникот фаворитската улога.

- Ќе ја препуштиме улогата на фаворит на противникот, меѓутоа и тие се екипа која нема големо искуство во Лигата на шампионите и добро е со победа да ја отвориме Лигата на шампионите. Фаворит во нашата група е екипата на Хамбург од Германија, а сите други тимови имаа исти шанси за првите четири места.

Натпреварот Металург - Цимос Копер се игра в сабота во 18 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Во рамките на „Ц“ групата вечерва играат Хамбург и Санкт Петерсбург, додека во третиот натпревар од оваа група, в сабота играат Висла и Констанца.

Новата 19-та по ред сезона од Лигата на шампионите стартува вечерва со дуелот од 18 часот во Загреб меѓу Кроација Осигурање Загреб и Савехоф.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...