Металург остана непоразен во Русија

Македонскиот ракометен првак Металург одигра нерешено 25:25 (10:11) на гостувањето во Санкт Петерсбург, со истоимената домашна екипа во рамките на второто коло од Ц групата од Лигата на шампионите.

Во поголемиот дел од натпреварот Металург се наоѓаше во водство, а во три наврати имаше и четири голови предност, но екипата на Санкт Петерсбург успеа со серија од 5:0 да направи пресврт и во финишот на натпреварот да има минимално водство.

Во последните минути играчите на Металург успеаја да ги корегираат грешките и со голот на Жарко Марковиќ на десет секунди до крајот и да изедначат на 25:25 што беше конечен резултат.

Во екипата на Металург Марковиќ и Наумче Мојсоски постигнаа по 7 голови, а Дарко Станиќ имаше 17 одбрани. Најефикасен на натпреварот беше Алексеј Шиндин со 9 голови.

На другите два натпревара од Ц групата: Констанца - Хамбург 26:34 и Цимос Копер - Висла 27:24.

На табелата води Хамбург со 4 бодови, пред Металург со 3, Цимос Копер и Висла имаат по 2, Санкт Петерсбург 1, а Констанца е последна без бод.

Металург следниот натпревар го игра в недела на 16.октомври против Хамбург на гости.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...