Металург не застанува, денеска со Татран

Нема одмор ниту за Металург ниту за Вардар. Македонскиот првак по само ден условно кажано одмор, вечерва на свој паркет во "Автокоманда" ќе игра нов тежок натпревар.

Гостува словачкиот Татран Прешов, екипа која на ЕХФ скалата има подобар рејтинг од Металург, но улогата на фаворит нема да ја имаат Словаците, туку македонскиот претставник.

Годинава Прешов не игра во Лигата на шампионите, загубија од Порто во 1/2 финалето на квалификациите и се простија со настапите во елитата. Место тоа ќе играат во Купот на ЕХФ. Така на Словаците единственото вистинско натпреварување во моментов им е СЕХА лигата и сите сили ги насочуваат кон ловење на добри резултати во регионалното натпреварување. Тоа ги прави опасен противник, настрана фактот што се работи за сосема солидна екипа која сигурно е на ранг на Металург.

За разлика од нив, Металург се наоѓа во серија тешки натпревари, каде што се троши многу енергија. Корисно е играњето на два фронта, но проблем е што ракометарите за првпат играат вака, во ваков стил и тоа се одразува на играта. За среќа, тоа засега не се одразило на играњето во Лигата на шампионите, каде македонскиот тим има 3 бода, по 2 кола и се наоѓа веднаш зад неприкосновениот фаворит Хамбург, со кого в недела ќе си ги одмерува силите.

Двата тима во рамките на подготовките се сретнаа на турнирот во Добој, каде Металург без поголеми тешкотии славеше победа од 5 гола разлика.

Но, сега се игра под други околности, во кои предноста на домашен терен е на страната на Металург, но околностите во кои се игра натпреварот се на страната на Татран Прешов.

Металург за првпат сезонава на официјален натпревар ќе биде комплетен. Миладин Козлина го пречека тимот уште пред "Автокоманда" и тренираше со нив, а денеска треба да го има својот кам бек на теренот. За првпат ќе игра пред македонската публика ракометарот од кого се очекува многу сезонава. Металург ќе биде комплетен доколку се е в ред со Мите Стоилов и Дамир Батиновиќ кои се пожалија на болки. За нив ќе одлучи Лино Червар, денеска.

Словаците доаѓаат засилени за српскиот голман Светислав Веркиќ, кој во Прешов доаѓа на местото на нивниот трагично починат голман.

Татран Прешов ќе биде одлична можност да подготовка за дуелот со Хамбург во недела. Можеби Лино Червар ќе даде поголема минута на играчи на десен бек на сметка на Жарко Марковиќ за кого се очекува суспензија од ЕХФ по црвениот картон добиен во последната минута на мечот во Санкт Петербург. Може да биде сосема поинаку, Марковиќ кој ќе одмора во недела, да биде првиот избор и да има голема минутажа.

Словаците имаат тим која гарантира возбудлив и квалитетен натпревар за кој вреди да се дојде во салата "Автокоманда" вечерва.

Амбиентот во македонскиот состав е убав, екипата засега има добри резултати, иако не е имуна на критики, првенствено за мечот во Русија.

Иако од страна гледано бодот е злато вреден, провејува нота на разочарување што од таму не се вративме како вистински победници, со два бода на салдото.

Гледајќи што се се случи низ Европа викендов токму на тој план мораме да бидеме задоволни. Имено, Кил водеше 4 разлика дома со Монпеље, па загуби, Киелце водеше 6 гола разлика на гости кај Берлин, па загуби. Атлетико Мадрид водеше дури 8 гола на домашен терен со Ч. Медведи, но на крајот беше нерешено. Можеби не е момент да се слави, но во секој случај треба да бидеме задоволни што сме во друштвото со Атлетико, а не со Кил и Киелце.

Сосема спротивно е во таборот на Вардар Про. Вардар губеше со 4 гола разлика, но успеја да го сврти резултатот и да победи со два гола разлика. Нормално и тоа не е комплетен успех. Извиѓач, очекувавме да падне со повеќе голови разлика. А, штом не е според очекувањата, тогаш нешто не чини.

"Не беше добар натпревар, но победивме. За мене е подобра било каква, лоша, тенка победа, отколку 'добар' пораз. Ние сме поквалитетна екипа и тоа мораме да го докажеме. Вардар мора да мине во следната рунда инаку би било лошо, многу лошо и за Вардар и за сите", вели Вујовиќ.

"Црвено-црните" вчера заминаа на гостување во регионалната лига, играат во Белград, со екипата на Ц. Звезда, еден од двата тима кои досега немаат победа во СЕХА шампионатот.

За "црвено-белите" исто како и за Вардар, оваа средба доаѓа меѓу два натпревари од Купот на ЕХФ. Исто како и Вардар и тие извојуваа тесна победа, од само 2 гола разлика над тимот на Мојковац од Црна Гора.

"Ние одиме комплетни, но прв пат сезонава комплетна ќе биде и Ц. Звезда. Имаа проблеми, не им играа Докиќ, Блечиќ, Суџум... сега се сите на број и очекувам да бидат на повисоко ниво отколку што беа досега", вели Вујовиќ.

Викендов, во Загреб имаше и состанок на раководството на СЕХА лигата. Тема беше тв преносите, потпишување на договорите, а стана збор и за одлагањето на натпреварите. СЕХА генерално зазема став да не дозволува често промени на термините. До јануари и ќе биде толерирано повеќе одлагањето на средбите, но по тоа, откако ќе "влезе" спонзор во шампионатот, календарот нема да биде лесно променлив, во најголем дел и поради договорите за преносот со телевизиите.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...