Десниот бек на РК Металург, Жарко Марковиќ, е суспендиран од страна на дисциплинската комисија на ЕХФ.
Марковиќ е казнет со неиграње на еден натпревар поради директниот црвен картон, во последната минута од натпреварот во Ст.Петерсбург во рамките од 2. коло во Лигата на Шампионите.
Жарко Марковиќ нема може да настапи на натпреварот со Хамбург, кој на програмата е на 16 октомври.