Победи на Металург и на Вардар Про

Македонските претставници Металург и Вардар Про синоќа постигнаа победи во натпреварите од Регионалната (СЕХА) лига.

Шампионот Металург пред своите навивачи во салата во „Автокоманда“ во Скопје го победи словачкиот првак Татран Прешов со 32:24 (15:10). Металург имаше предност во текот на целиот натпревар и сосема заслужено стигна до третата победа.
Најефикасни во победничкиот состав беа Младен Ракчевиќ и Жарко Марковиќ со по 7 голови.

За разлика од Металург, Вардар Про до победата број 3 стигна на гостувањето во Белград против Црвена Звезда. „Црвено-црните“ на белградскиот тим му го нанесоа третиот пораз во исто толку натпревари. Вардар славеше со 26:22, а најзаслужен за триумфот беше голманот Владимир Абаџиќ кој имаше 19 одбрани. Најефикасен на натпреварот беше Добривое Марковиќ од Вардар Про со 8 голови.

Во третиот натпревар одигран синоќа, Босна во Сараево ја победи екипата на Нексе со 26:23 и и го нанесе првиот пораз на гостинскиот тим, па така Металург и Загреб останаа двете непоразени екипи во оваа лига.

Двата македонски тима во текот на викендот ќе имаат натпревари од евро куповите. Металург во рамките на 3.коло од Лигата на шампионите гостува кај германскиот првак Хамбург, додека Вардар Про во рамките на 2.коло од ЕХФ купот гостува кај Извиѓач во Љубушки (БиХ). Тоа е реванш дуел, а Вардар Про во првиот натпревар во Скопје победи со 27:25.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...