Хамбург во заборав, Висла во мислите

ХСВ Хамбург е веќе во заборав. Искрено, не ни има нешто вредно за да се запамети од гостувањето на македонскиот првак кај шампионот на Германија. Меч каков што се очекуваше, а, за жал, иако можеби заминаа со скриена намера, македонските играчи не успеаја генерално да ја сменат сликата на европската ракометна јавност.

Хамбург во овој момент е далеку од Металург, во секој поглед, а тоа беше видливо речиси во секој напад, секоја загубена топка, конечно и на секој поглед кон семафорот.

Но, Хамбург не е клубот за кој Металург треба да се грижи. Веруваме дека нивната следна пресметка ќе биде ревијална, во славеничка атмосфера во "Борис Трајковски" во последното коло од групната фаза.

Тоа што е важно е што на овој меч Металург имаше шанса да се измери со една од четирите најсилни екипи во светот и да види каде е неговото место. Поуки од натпревар со таков тим секогаш има од каде да се извлечат. Познавајќи како работи Лино Червар, веројатно уште вчера ги има "симнато" сите детали од снимката и анализирано сите индивидуални грешки кои се направени. Нив ги имаше во изобилие и доколку се анулираат барем тие кои се неизнудени, тогаш Металург ќе види корист и од поразот.

Ако гледаме низ позитивната призма, поразот е во добар момент, по серија на победи и пред исклучително важен натпревар. Сега откако ги видоа и своите слаби страни, металурговите играчи ќе имаат мотив плус за наредниот меч да се вратат на победничката патека. А тоа е многу битно, затоа што во следните два меча Металург може да избори и практично пласман во Топ 16. Двата наредни во ЛШ се натпревари на домашен терен. Со четири бода од тие два дуели и три кои ги има на контото, Металург би имал вкупно 7 и меч со Ст. Петербург дома на програмата. Тоа би требало да биде сосема доволно за пласман од 2. до 4. место. Првото е резервирано за ХСВ Хамбург.

Клубот кој сега ги окупира мислите на Металург е Висла Плок. Изненадувачкиот првак на Полска, тим кој в четврток ќе истрча пред (се надеваме) полните трибини на најголемата македонска сала.

Полјаците за кои игра екс металурговиот бек Боштјан Каваш има четири бода, а немаат играно со Хамбург. Загубија како гости од Цимос, победија среќно на домашен терен со Констанца и лесно со Санкт Петербург.

Металург на овој натпревар ќе биде комплетен, за првпат сезонава. Сите играчи, вклучително Батиновиќ, Козлина и Марковиќ ќе бидат на располагање на Лино Червар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...