Висла нуди влез во Топ 16

Екипата на Металург во маратонскиот ритам на натпревари утре ќе одигра уште еден од тие "да се биде или не" средби. Последен во овој циклус по што ќе имаат еден месец за прегрупирање.

Во Скопје ќе допатува екипата на Висла Плок, екипа која изненадувачки, по високите порази во првенството, го совлада во плеј-оф доигрувањето фаворизираниот Виве Киелце и ја освои шампионската титула во Полска.

"Играме со екипа која доаѓа од првенството кое е хит во последните неколку години и успеа за кратко време да исфрли два претставника во ЛШ, нешто што на други не им успева со години. Ние засега одиме според планираното. Освоивме бод на гости, но мораме да ги добиеме сите натпревари на домашен терен. Нашата група е 'лудница', сите екипи се слични со квалитет и одат на победа секој со секого и дома и на гости. Темпото на одигрување на натпревари е убиствено, па се покажа дека е најбитно сега сите да сме здрави, да можеме да пружиме максимум. Имаме проблеми со повреди, но тоа е сепак, нешто што е очекувано. Не одигравме добар меч во Хамбург. Уморот беше видлив, но тоа не е главната причина за резултатот, не се истрошивме доволно. Но, сите ја апострофиравме Висла како приоритет и на овој меч треба да дадеме и тоа што остана од Хамбург и се друго за да стигнеме до победа", изјави капитенот на екипата Ванчо Димовски.

За тренерот на тимот, Лино Червар, Висла не е енигма, но со секој респект зборува за нив.

"Играњето на два фронта е тешко за нас, играме силни натпревари во Лигата на шампионите, но и противниците во СЕХА се силни. На секој натпревар мораме добро да се испотиме за да дојдеме до победа.

Висла е тим кој му ја грабна титулата на Киелце, екипа во која многу се вложува последните години. Ова ќе биде многу тежок и многу важен натпревар. Тоа е екипа која има девет интернационалци. Надворешна линија со возраст на играчи над 30 години, што вели дека се искусни и знаат како да ја задржат топката и контролираат играта. Опасни се на контранапади. Имаат две скандинавски крила и нивниот Вишњевски кои се брзи и вешти.

Ние ќе мораме да ја подобриме нашата игра во нападот и особено да внимаваме на брзо враќање назад. Играат плитка 6:0 одбрана и на тоа ќе мораме да бидеме подготвени. Ние имаме проблеми со бековите шутери кои треба да ја разбијат таа зона од дистанца. Козлина се жали на повреда, Марковиќ исто така. Се надевам дека ќе имаме полна сала. Поддршка и тоа како ни е потебна на овој натпревар", изјави Лино Червар.

Средбата ќе се игра во "Борис Трајковски", со почеток во 19:00 часот. Влезните билети се со цена од 100 денари за "М" трибините, односно подвижните трибини до теренот, додека за "Блок" трибините, цената на билетите е 60 денари, како што беше и на првиот натпревар.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...