Металург против Висла во ЛШ

Македонскиот ракометен шампион Металург вечерва во 19 часот во „СЦ Борис Трајковски“ го игра натпреварот од 4.коло во „Ц“ групата од Лигата на шампионите против полскиот шампион Висла.

Гостите во Скопје ќе се обидат да стигнат до првиот гостински бод. Во трите кола двапати одиграа дома и постигнаа две победи, а изгубија на гости кај Цимос Копер.
За Металург ова е втор натпревар на домашен терен откако во воведното коло го победија словенечкиот првак Цимос Копер со 28:23.

- Висла ни е последен натпревар од првиот циклус, следниот дуелот од Лигата на шампионите го играме на 19 ноември со Констанца дома и затоа е потребно да победиме и донекаде да го оствариме посакуваното по овие четири натпревари. На навивачите им останавме должни во Хамбург, дека не одигравме на наше ниво. Домашниот терен во оваа група е голема предност и затоа победата треба да биде приоритет, истакна капитенот на Металург, Ванчо Димовски.

Во првиот натпревар од 4.коло од оваа група Санкт Петерсбург ја победи Констанца со 27:25, а македонскиот репрезентативец Бранислав Ангеловски за Констанца постигна три голови.

Третиот натпревар од групата ќе се одигра в недела, Цимос Копер е домаќин на Хамбург.

Покрај натпреварот Металург - Висла, денеска од Лигата на шампионите се игра и дуелот од „А“ групата Савехоф - Босна, а останатите дуели се на програмата во текот на викендот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...