Металург пред портите на Топ 16

Во натпревар кој беше деклариран како еден од клучните за пласманот во Топ 16, Металург на домашен терен ја пречека екипата на Висла Плок од Полска. Забележана е исклучително важна победа која практично ги отвора вратите од Топ 16.

Безмалку перфектно отворање имаше Металург. Реализираше во сите напади и по 6 минути Ларс Валтер, тренерот на Висла побара тајм аут, затоа што на семафорот веќе беше 5:1.

Во десеттата минута Металург имаше водство од 8:3, комотно, освоено со сигурна игра во одбрана и без потрошена топка во напад. Во петнаесеттата беше 10:7, седмерец и играч повеќе во поле. Мојсоски реализираше за плус 4, но Каваш, поранешниот играч на Металург со два гола по ред ги одржа во живот Полјаците.

Червар ја бараше својата одбрана во првиот дел. Се менуваа играчите во зоната, но иако за 20 минути прими невообичаено многу, односно 8 гола, сепак беше во водство нашиот тим од 13:8б, затоа што Станиќ влезе во својот филм и почна да брани се што оди кон голот.

Станиќ продолжи така до крајот, запиша вкупно 9 одбрани, а Металург тоа го претвори во водство од 17:10 на полувреме.

По пет минути во вториот дел беше 2:2 односно 19:12, а Металург загуби 2 топки во напад, што секако не беше добар знак, затоа што Полјаците врзаа вкупно 4 гола во серија и намалија на 19:14. Неколку одлуки на Белорусите во тој период можеме слободно да ги оцениме како спорни, доделени на страна на полскиот тим, чисто како тие да се домаќини па да може да им се прогледа низ прсти..

Постот го прекина Наум Мојсоски со својот 9 гол, веднаш по тоа ја запиша и десетката, за 21:15 во 40 минута.

Опасно почна да станува околу 45 минута кога гостите намалија на 2 разлика и тоа со играч помалку, постигнаа 2, а не примија ни еден гол. Вкупно 5 гола анулираа за нешто повеќе од 16 минути игра во второто полувреме, но најбитно се вратија во игра и му направија притисок на комотниот Металург.

Конечно се разбуди и речиси полната Арена, а Петар Ангелов ја доразгоре атмосферата со одбранет зицер кој можеше да го доведе Полјаците на минус еден.

Тоа се случуваше на 10 минути до крајот. Со многу мака и среќа стигна Металург преку Алушевски до 23:20 и имаше одново играч повеќе.

Но веднаш следеше исклучување за Миркуловски, а по тоа и гол на Кубистал со кој Висла дојде на минус 1, на осум минути до крајот (22:23).

На пет минути до крај беше 25:24 и Металург во напад, сите гаранции за мирен финиш беа одамна отидени во ветар. Мојсоски постигна гол за 26:24, а Ангелов одново ја крена на нозе цела сала од одбраната на сомнително досудениот пенал. Еуфоријата продолжи по голот на Марковиќ и зицерот кој Станиќ го одбрани. 27:24 на 56:34 и играч помалку 30 секудни беше кога Марковиќ погоди уште еден проектил и го доведе Металург на 28:24.

Тоа беше крајот за Висла, пред разбудена сала и разбуден Металург немаа шанса за пресврт.

Следниот меч за Металург е одново на домашен терен, против Констанца.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...