Металург ја игра својата сезона од соништата

Тимот од "Автокоманда" ја игра својата сезона од соништата, и по 4 одиграни кола во ЛШ има пет бода и е на второ место во групата, зад топ фаворитот ХСВ Хамбург.

Настрана тоа, во следните три меча има три зицери да ги реши сите дилеми и "Нова година" да почне да ја слави уште од 4 декември, кога се игра и последниот натпревар од годинешниот циклус.

Дуелот со Висла Плок ќе биде запаметен, архивиран, ставен во ист кош со дуелите со Хаслум, Копер, С. Петербург не само затоа што е од Лигата на шампионите и е запишана победа туку и поради начинот на кој е дојдено до таа победа.

Патот од ѕвездите до бездната и одново назад стана редовна рута за македонскиот тим.

Нема мирен меч за Металург. Без разлика дали на полувреме има 3, 5 или 7 гола разлика, или цели 9 разлика и 25 минути до крај, Металург е претплатен да си игра со нервите и притисокот на своите навивачи.

На дуелот со Висла прокоцка 9 гола предност за петнаесет минути. Среќа е што Полјаците многу рано, на 8 минути до крајот стигнаа до минус 1, па имаше време за Металург и да се врати во игра. Драма во секој случај не недостасуваше.

Од натпревар во натпревар се повторува истото и како и да се постави анализата, на крајот ќе се дојде до истиот одговор. Металург игра добро додека има сила во Наум Мојсоски. Кога ќе почне тој да паѓа - паѓа цел тим. Засега Миркуловски и Марковиќ успеваа, нормално заедно со Мојсоски да го издржат товарот и да ги изнесат овие натпревари до победа, но да потсетиме, Лигата уште не е завршена, а Топ 16 не е обезбеден.

"На полувреме им реков на моите играчи дека мечот не е завршен, дека Висла е екипа која нема да се предаде и која може да се врати во мечот. Второто полувреме го одиграме повеќе на емоции, немавме чиста глава во нападот и противникот тоа го искористи. Во вистински момент ја добивме поддршката од публиката. Ме радува што салата беше полна, што толкав број навивачи застанаа денеска позади нас. Тие ни го дадоа потребниот стимул за да стигнеме до победата", изјави Лино Червар на прес-конференцијата по натпреварот.

Лино Червар, сакал ли не ќе мора да најде начин како да ги распореди силите на својот најдобар играч, за тие да траат 60 минути. Дали почесто ќе го ротира, дали ќе го остави одреден период на клупа, дали нешто трето е небитно. Битно е да се стави крај на осцилациите кои стануваат се поголеми.

Мини паузата во Лигата на шампионите доаѓа во вистински момент за македонскиот првак Металург. Сега ќе има време за одмор за Наум Мојсоски, нормално и за Филип Миркуловски, два играчи кои убедливо најмногу се трошат на натпреварите. Ќе има време и комплетно да заздрави Дамир Батиновиќ и комплетно да заздрави Миладин Козлина. И за Жарко Марковиќ еден месец пауза од Лигата на шампионите ќе биде добредојден за да ја санира целосно повредата.

Има доволно, има цел месец на располагање Металург да се лечи, да се одмора, да комбинира.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...