Незаслужен пораз од Германија

Македонската ракометна репрезентација во второто коло на Европското првенство во Србија го доживеа првиот пораз. Во Ниш синоќа бевме совладани од Германија. Но, и покрај поразот не се загубени шансите за пласман во следната фаза.

- Не заслуживме пораз од Германија. Тешко е да се победи ваква репрезентација која има помош од судиите. Не бевме присебни на крајот, штета што не победивме. За Германија овој натпревар беше се или ништо. Наша грешка е што не реализиравме два пенала, промашивме неколку удари со играч повеќе и чисти ситуации. Се беше свртено против нас, истакна капитенот Кирил Лазаров.

Селекторот Ѕвонко Шундовски истакна дека немавме среќа, иако игравме добро.

- За следниот натпревар со Чешка ќе мора да ја подобриме играта со играч повеќе, рече Шундовски.

Следниот натпревар Македонија против Чешка го игра в четврток од 20:15 часот и само со победа нашите ракометари ќе ги продолжат натпреварите во следната фаза на ЕП во Србија.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...