Белград доаѓаме!!!

Македонската ракометна репрезентација вечерва во Ниш со шест гола разлика ја победи Чешката селекција и обезбеди пласман во следната фаза од Европското првенство што се одржува во Србија.

Македонските ракометари во текот на натпреварот кој заврши 27:21 покажаа силна и борбена игра и во поголемиот дел од дуелот резултатот беше во корист на „црвено жолтите“.

И покрај изедначениот резултат на полувремето, во вториот дел македонската екипа 30 минути ја имаше предноста со повеќе од два гола.

Во вотрото полувреме нашите репрезентативци успеаа да ја затворат силната средна бековска линија на противникот, а одличните одбрани на голманот Борко Ристовски беа одлучувачки во последните минути од натпреварот и дополнителен мотив за ракометарите максимално да поентираат и во вистински момент да ја затресат мрежата на чешкиот голман. 

Најефикасен играч во македонскиот состав беше капитенот Кире Лазаров со постигнати седум гола, а на спротивната страна Филип Јиха успеа да поентира пет пати.

На првото место во нашата група е Германија со четири бодови, потоа следуваат Македонија и Шведска со по три, додека репрезентацијата на Чешка отпадна со два бода.
Македонската селекција одигра нерешено со Шведска и во драматичен натпревар изгуби со еден гол разлика од Германската репрезентација.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...