Фановите се мотивација и притисок

Еден од најдобрите ракометари во репрезентацијата, Наумче Мојсовски, во интервју за EHF објасни дека атмосферата од многубројните навивачи во салата Чаир е мотивација и притисок за тимот.

-Навивачите се како осми играч за нас. Но, и покрај нивната поддршка, тие вршат голем притисок врз нас, затоа што очекуваат големи нешта. Ние сме мала држава на која ова и е само второ учество на Европско првенство. Фановите ни помагаат, но очекувањата се многу големи, објасни Мојсовски за притисокот кој го чувствуваат ракометарите.

За среќа Македонија ја победи Чешка со резултат 27-21 и обезбеди понатамошно учество на Европското првенство во Србија. Следни противници на Македонија во Белград ќе бидат Данска, Полска и домаќинот Србија.

Официјалната EHF интернет страница исто така по натпреварот со Чешка објави дека во салата биле измерени речиси 100 децибели од грлата на македонските навивачи. Поддршката од  навивачите ќе продолжи и во Белград.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...