Полска ќе плати и за Данска

Македонската репрезентација, ден по шокантно загубениот натпревар со Данска, се соочува со уште една силна селекција - Полска.

Европа уште еднаш слушна за македонскиот ракометен тим викендов. Нема дилеми, им направивме ЕП на Србија и на ЕХФ. Без Македонија, без македонските фанови во Ниш и Белград, ова првенство ќе беше само просечна ракометна манифестација.

Но македонските гледачи ја сменија сликата за шампионатот и сега приказната е поинаква.

На теренот ниту еден тим не може да се пофали дека не надиграл. Напротив, велесилите од типот на Германија, Данска и Шведска се спасуваа во последните моменти. Да имавме повеќе среќа и подобра логистика и стручен штаб ќе бевме на чекор до полуфинале. И вака не сме комплетно избришани од таа трка, постои едно сценарио по кое можеме да дојдеме до битка за медал, но премногу комбинаторики се тоа. За Македонија е најбитно да се крене од фрустрирачкиот пораз од Данска и денеска со Полска да одигра на нивото на кое бевме досега на првенството.

Нема да биде лесно да се одигра на такво ниво. Кирил Лазаров со Данска одигра фантастичен натпревар, но како ќе биде денеска? Полјаците се чудна екипа. Прво дозволија минус од 11 гола на полувремето со Шведска, за по тоа во голем стил да се вратат и дури и да дојдат во позиција да бркаат победа.

Имаат силен тим, но прашање е во какво издание ќе се претстават. Со Шведска им "тргна" така што ја сменија својата одбрана кон Ким Андерсон. А и "трите круни" премногу рано почнаа да слават. Нормално, кој би очекувал дека екипа каква што водат Линдгрен и Олсон ќе прокоцка 11 гола за едно полувреме. Денеска, Полјаците веројатно со слична стратегија ќе се обидат го запрат Кирил Лазаров.

Македонија одигра одлично прво полувреме со Данска, па очекуваме со истиот рецепт и на овој натпревар да тргне Шундовски. Тоа се со Филип Миркуловски на клупа. Стратегија за која си има своја логика, иако во амбиент во каков што игра Македонија, да не се искористи почетниот притисок од публиката е штета, жално.

Македонските фанови ја окупираа и "Арена". На мечот со Данска имаше над 8000 Македонци во Белград. Денеска е работен ден, па можеби нема да има 8000 како на првиот меч, но во секој случај би требало бројката на македонски фанови да биде голема.

Сега, кога бројките веќе не ни одат во корист, за среќата и да не зборуваме, важно за македонските играчи е само да останат во овој ритам. Не е сеедно на кое место ќе го завршиме првенството. Една цел е исполнета, противник за бараж натпреварите ќе ни биде екипа од вториот шешир.

Ракометарите, сепак, ќе мора да најдат сили и првенствени психолошки да се вратат во игра по шокантниот пораз. Не е лесно да се изгуби натпревар, посебно не на ваков начин. Среќата не можеме да ја контролираме, но затоа, пак, можеме да ги натераме Полјаците да платат за се.

Играме против екипа која има се што треба да има. Единствено голманот им ги мати сите сметки. Шмал се повреди, а за таков чувар на мрежата едноставно нема замена на списокот на Богдан Вента.

Одличен централен бек и лево и десно од него артилерија. Сепак, нивните бекови се големи потрошувачи на топки и тоа е елемент кој мора да го искористиме за да имаме контрола врз настаните на теренот.

Полскиот селектор изјави дека неговите играчи се веќе уморени.

"Не е ова како во фудбал, да имаш 2-3 дена за одмор. Се чувствува заморот, а и играчите немаат време да се рехабилитираат. Речиси сите имаат по некоја повреда, а најлоша е ситуацијата со Криштоф Лијевски. Не е доведен во прашање настапот, туку перформансот. Лијевски не е подготвен за 100 настотно да го одигра натпреварот со Македонија денеска.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...