Ватерполистите поразени од Холандија

Македонската ватерполо репрезентација во Ајндховен е поразена од Холандија во натпревар од последното петто коло во групата „А“. Македонските ватерполисти добро го отворија мечот и првата четвртина ја добија со 4:2. Избраниците на селекторот Игор Гочанин водеа и со 6:4, но домаќините на еврошампионатот со серија од 3:0 поведоа со 7:6 на истекот од третиот период. Последната четвртина не донесе поволен резултат за нашата репрезентација која на крајот изгуби со 10:8.

По овој пораз Македонија не успеа да се избори за олимписките квалификации и и преостанува да се бори за пласман од 9-тото до 12-тото место.

Унгарија со високи 22:2 ја победи Турција во попладневниот дуел и ја оствари максималната петта победа во групата со што го освои првото место.

Табела „А“ група: Унгарија 15 бодови, Грција 9 (натпревар помалку), Италија 9 (натпревар помалку), Холандија 6, Македонија 3 и Турција 0.

Резултати од 5.коло во групата „Б“: Хрватска - Шпанија 11:10, Србија - Црна Гора 7:11 и Романија - Германија 9:10.

Табела „Б“ група: Србија 12 бодови, Црна Гора 10, Германија 9, Хрватска 9, Шпанија 4 и Романија 0.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...