Натпреварот со Србија ќе биде спектакуларен

Капитенот на ракометната репрезентација на Македонија, Кирил Лазаров денеска изјави дека претстојниот натпревар против Србија ќе биде спектакуларен за сите, посебно за навивачите.

- Очекувам сјајна атмосфера против Србија. Ќе бидат 10.000 наши против 10.000 српски навивачи, па на светот да му покажеме како се игра ракомет во поранешна Југославија, како се навива за тимот и како се сака државата, рече Лазаров за Танјуг.

Како што пренесува МИА, Македонците се најпријатно изненадување на првенството и никој до сега не ги надиграл, иако силите ги одмеруваа со репрезентации како што се Данска, Германија и Шведска.

- Немаме доволно фонд на квалитетни играчи и се случува да паднеме во продолжение. Одигруваме феноменално 35-40 минути, па на полувреме водиме и тоа се некои нови моменти за нас. Се ова што ни се случува е неверојатно, но убеден сум дека можеме да продолжиме да дадеме игра на високо ниво, истакна Лазаров.

Со 43 постигнати гола Лазаров е најефикасниот играч на Европското првенство 2012, со просек од 8,6 погодоци во противничката мрежа.

- Играме за Македонија, за навивачите и тоа не може да се спореди со настапите за клубот кој те плаќа. Како пример ќе го наведам мојот сегашен клуб „Атлетико“ од Мадрид, клуб со богат сопственик, кој ги освојува сите трофеи, но тоа не може да се мери со ова што ние го работиме на Европското првенство во Србија. На секој натпревар даваме максимум и тоа ни дава сила рамноправно да се носиме со ракометните сили, посочи Лазаров.

Македонците имаат само теоретски шанси за пласман во полуфинале на Европското првенство. Потребно им е во последното коло да ја победат Србија, но и Полска да биде подобра од Германија, а Шведска од Данска.

- Ќе видиме, не одлучуваме само ние. Оние екипи кои се тивки, не ветуваат премногу пред почетокот се најдобри, а оние кои се бучни и ветуваат медали, секогаш слабо поминуваат. Без никаков притисок, одиме понатаму, ќе се одмориме малку и продолжуваме со натпреварот, порача Лазаров.

Најискусниот во редовите на македонската репрезентација Стевче Алушовски истакна дека избраните на Звонко Шундовски  ќе се обидат против Србија да забележат победа.

- Добро ја познаваме екипата на Србија, игравме пријателски натпревар пред шампионатот, нема никакви тајни. Нема да биде лесен натпревар, затоа што двете екипи имаат свои амбиции. Очекувам да биде интересно на теренот, но и на трибините, посочи Алушовски.

Натпреварот во последното коло на втората фаза на Србија-Македонија се игра утре од 20.15 часот во Белградска арена.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...