Македонија против Србија на ЕП во ракомет

Македонската ракометна репрезентација вечерва од 20 часот и 15 минути во Белград против Србија ќе го одигра последниот натпревар во групата „1“ од втората фаза на Европското првенство. Теоретски Македонија сеуште е со шанси за влез во полуфиналето, но за да се случи тоа потребна е победа против Србија, пораз на Данска од Шведска и победа на Полска над Германија со еден или два голови разлика.

Двојки за денеска од групата „1“ од која Србија веќе го обезбеди пласманот во полуфиналето: Полска - Германија (16 часот и 15 минути), Шведска - Данска (18:15 ч.) и Македонија - Србија (20:15 ч.).

Табела група„1“: Србија 7 бодови, Германија 5, Данска 4, Македонија 3, Полска 3 и Шведска 2.

Од втората група која се игра во Нови Сад, Шпанија и Хрватска обезбедија пласман меѓу четирите најдобри. Хрватска вчеравечер го совлада актуелниот првак Франција, а по победата на Словенија над Унгарија, Хрватите го осигураа своето учество во натпреварите за медал.

Резултати: Шпанија - Исланд 31:26, Хрватска - Франција 29:22 и Словенија - Унгарија 32:30.

Табела група „2“: Шпанија 7 бодови, Хрватска 6, Словенија 4, Унгарија 3, Франција 2 и Исланд 2.

Двојките за денеска во оваа група се: Франција - Исланд (16 часот и 10 минути), Шпанија - Словенија (19:10 ч.) и Унгарија - Хрватска (20:10 ч.).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...