Минимална победа на Вардар Про

Скопје, 22 февруари 2012 (МИА) - Ракометарите на Вардар Про синоќа на гостувањето во Шабац минимално ја совладаа Металопластика со 23:22 и со новите три бодови избија на првата позиција на табелата во СЕХА лигата.

Во изедначен натпревар „црвено-црните“ во последната минута преку Стеван Вујовиќ поведоа, а потоа голманот на Вардар Про, Владимир Абаџиќ го одбрани ударот на домашните играчи.

Најефикасни на натпреварот со по 6 голови беа Ратко Николиќ кај Вардар Про и Милош Митровиќ кај Металопластика.

Денеска ќе се одиграат четири натпревари од ова натпреварување. Македонскиот првак Металург во салата во „Автокоманда“ ја пречекува екипата на Борац Бања Лука. Почетокот на натпреварот е во 18 часот.

На другите три натпревари играат: Сутјеска – Нексе, Босна – Татран Прешов и Загреб – Црвена Звезда.

Табела: Вардар Про 41 бод (17 натпревари), Загреб 38 (15), Металург 30 (13), Нексе 30 (16), Татран Прешов 28 (14), Борац 23 (15), Ловќен 21 (15), Металопластика 14 (15), Босна 10 (10), Извиѓач 7 (15), Сутјеска 4 (14), Црвена Звезда 3 (13).



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...