Победа на Вардар Про, пораз на Металург

Македонските екипи претставници во СЕХА лигата на натпреварите од 20.коло имаа половичен успех Вардар Про на домашен терен го победи Извиѓач, додека Металург загуби на гостувањето кај Загреб.

Во СРЦ „Кале“ лидерот на СЕХА лигата Вардар Про стигна до нови три бодови, откако во текот на целиот натпревар се наоѓаше во водство, кое гостите од Љубишки го загрозија само кон средината на вториот дел кога намалија на 20:19. До крајот на натпреварот „црвено-црните“ стигнаа до победа од 26:21. Најефикасен на натпреварот беше играчот на Вардар Про, Добивоје Марковиќ со 7 голови.

Ракометарите на Металург го доживеаја вториот пораз во СЕХА лигата откако во Вараждин загубија од Загреб 30:25. Првиот дел заврши нерешено 14:14, а домашната екипа ја искористи предноста и во вториот дел стигна до посакуваната победа.

На овој натпревар Металург настапи без неколку стандардни првотимци Наумче Мојсоски, Жарко Марковиќ, Миладин Козлина, Ацо Јоноски, кои се повредени и голманот Дарко Станиќ кој почувствува замор. Тренерот Лино Червар им даде шанса на другите играчи, а најефикасен на натпреварот беше Никола Стојчевски со 7 голови.

Табела: Вардар Про 47 бодови (19 натпревари), Загреб 44 (17), Металург 42 (18), Татран Прешов 40 (18), Нексе 33 (19),...



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Волку, згрешивте со една буква.
Требаше да ме ИЗЕДИТЕ!!!
(трудна црвенкапа)
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1607.- Капетан Џон Смит со група војници...
1792.- Роден е италијанскиот свештеник Џовани...
1795.- Во Кабеларево е роден Павел Јозеф...
1809.- Трупите на францускиот цар Наполеон Први...