ДВА ДЕНА ДО ПРВИОТ МЕЧ ОД ТОП 16 ФАЗАТА ВО ЛИГАТА НА ШАМПИОНИТЕ, ВО СКОПЈЕ ДОАЃА ХРВАТСКИОТ ШАМПИОН

Металург и Загреб со мотив до "небо"

Финишираат подготовките за најочекуваниот спортски настан неделава во Македонија, неделната ТОП 16 пресметка меѓу Металург и Загреб. Средба која е повеќе од 1/8 финална пресметка меѓу најдобриот македонски и најдобриот хрватски тим.

Многу лични мотиви има и на двете страни, многу повеќе би рекле на страната на Загреб. Играат против својот поранешен тренер, а тоа е за нив е мотив до "небо" и малку поинаку отколку кога би играле против некој друг (екс) тренер. Не за лично докажување, тоа нив не им треба, доволно се познати во цел ракометен свет. Не е ниту одмазда или реванш, зошто би се оптоварувал кој било со такви амбиции кон тренер кој ги одвел до најголемите успеси, им ги променил животите и им помогнал да станат тоа што денеска се.

Неблагодарно е отстрана да се "попува" околу тоа - што е тоа што останало недоречено, недокажано што, а што го има, тоа може едноставно да се почувствува и што ги мотивира загрепчаните да даваат посебен максимум против "Лининог Металурга" настрана од самата важност на Топ 16 натпревар од ЛШ. Истото, важи и во обратен правец

Но, таков набој има и тоа го прави мечот од една страна (по)интересен посебно за неутралната публика надвор од границите на Македонија и на Хрватска. Посебно туку би го издвоиле набојот, дуелот меѓу Ивано Балиќ и Лино Червар. Имаат посебен специфичен однос кој веројатно точно го разбираат само тие двајца, но во секој случај хрватските медиуми со тоа ја забавуваа локалната јавност со години.

Лино Червар е најсилното оружје на Металург за неделниот натпревар. Двата тима играат сличен ракомет. Нормално, тоа што го работел во Загреб и Хрватска, сега го работи во Металург. Тоа значи дека точно ги знае сите потези, навики на теренот на своите бивши ракометари. Прашање е дали ќе успее да ги пренесе сите свои тактички контрамерки со сегашниот тим. Тоа ќе биде како да игра шах против самиот себе, со црни фигури. Затоа што, да бидеме реални, Загреб е буџетски, играчки и организациски понапреден колектив. Подолго се заедно, за традиција и претходни остварувања и да не говориме. И да не заборавиме, сепак зборуваме за тим чија игра ја диригира Ивано Балиќ.

Што е тоа што го има Металург, а може да му донесе клучна предност?

Има одбрана која може да ги неутрализира и Балиќ и Копљар во исто време. Можеби не комплетно, но доволно барем за минимална победа на домашен терен. Го има Дарко Станиќ, во моментов можеби најдобриот голман во Европа. Одбраната во која се Маркоски, Козлина, можеби Стоилов, Јоновски плус Станиќ е сосема доволно за Загреб да не може да постигне повеќе од 20-22/3 гола. Доколку не им се пружи шанса да постигнуваат лесни погодоци. Нормално, контри и полуконтри никој не вели дека нема да има, но нивниот број не смее да е висок ниту, пак, да е во серија. Металург ќе има полна сала, клубот или градот веќе со месеци живее во ракометна еуфорија, еланот, желбата да се победи е голема, а често тоа е фактор кој знае да биде решавачки. Конечно, и Металург има квалитетни играчи. Мојсоски, Миркуловски, Марковиќ, Козлина, Ангелов... има искуство во Алушевски, Димовски и Златко Мојсоски, има елан во Манасков и Георгиевски..,. има, има доволно за домашна победа.

Но, и спротивната страна ситуацијата е иста. Тие можеби немаат голман каков што е Станиќ, но не потценувајте ги Шего и Пешиќ тоа се двајца одлични голмани. Го имаат Јаков Гојун, еден од најдобрите дефанзивци во Европа, тука се и Тончи и Јосип Валчиќ, Марко Копљар. Уште еден играч кој не смее да се заборави во најава е Давид Шпилер, Словенецот на првиот СЕХА меч имаше 0/4, не е за очекување со запирка да замине и од Арената. Конечно, постојано зборуваме за Лино, но погрешно е да се занемари и тоа што во клубот го работи Обрван. Тој во своето резиме запиша нешто што неговите претходници во минатите 20 години не успеаја - победа над Барселона.

За заинтересираноста во Скопје фактот што билетите се продадоа за помалку од 3 часа говори се. Клубот организира и групно следење на натпреварот, во билјард клубот на источната страна на "Борис Трајковски".



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Невработена службеничка го прашува директорот:
- Кои се условите да станам ваша секретарка?
- Многу едноставни: сакаш или не сакаш?
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
885.- Во Моравија умре Методиј Солунски, постар...
1587.- Британската флота под команда на адмирал...
1772.- Во Лондон е роден Давид Рикардо, англиски...
1775.- Американската војна за независност почна...