СЕХА ги враќа ракометарите во сегашноста

Страстите се далеку од смирени кога е во прашање репрезентацијата на Македонија, но време да се лекуваат олимписките рани нема, а најголемиот дел од играчите сега ќе бидат во комплицирана ситуација да се вратат во секојдневието и да продолжат таму каде што застанаа пред да почне неделата на ЕХФ.

Денеска и утре Металург, односно 9 репрезентативци на Македонија продолжуваат со настапите во домашното првенство, а по тоа заминуваат за Загреб каде што викендов ќе се одигра завршниот турнир од СЕХА лигата.

Во првата директна битка за пехарот се квалификуваа четири екипи. Хрватскиот првак Загреб силите ќе ги одмерува со екипата на Вардар Про од Македонија, додека Металург за противник во полуфиналето на турнирот ќе го има тимот на Татран Прешов од Словачка.

Сите екипи, но на различно ниво се соочуваат со истиот проблем, односно прекинатиот континуитет со настапите на репрезентациите.

Загреб, односно најголемиот дел од неговите играчи беа дел од успешната олимписка приказна и релативно лесно стигнаа до Лондон. Тие се во нагорна линија и најподготвени ќе бидат за следните сеха-авантури. Но, нивните мисли сигурно ќе бидат насочени за дуелите со Кил од Лигата на шампионите, кои се на програмата една недела подоцна.

Татран Прешов е костурот на репрезентацијата на Словачка, а тие минатиов период беа гости во Норвешка, каде играа со Русија, Португалија и домашната репрезентација. Одиграа еден нерешен меч со Португалија, загубија од Русија и Норвешка и завршија на последното место.

Вардар Про во репрезентацијата на Македонија не беше застапен со голем број на играчи и тоа не го наруши нивниот ритам на тренинзи, иако сигурно дека не е како ништо да не било.

Најдебелата сметка ќе ја плаќа Металург. Клучните играчи беа во репрезентацијата, а видовме прво како минаа, а второ за разлика од интернационалците, тие се овде и мора секојдневно да се соочуваат со разочараните симпатизери и да ги слушаат сите критики.

Лино Червар имаше проблем да ги врати во ритам играчите по Европското првенство во Србија кога се вратија полни со ентузијазам, како ќе биде сега кога амбиентот е сосема спротивен, е прашањето на кое одговорот ќе биде познат по одигрувањето на првиот натпревар, дуелот со Татран Прешов, в сабота во 15:30.

СЕХА
Сабота

-15:30 Металург - Татран
-18:00 Вардар ПРО - Кроација Осигурување

Недела

-15:30 Натпревар за 3 место
-18:00 Финале



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...