Металург со нови договори за седум ракометари

Ракометниот клуб Металург и во следните две години во своите редови ќе ги има Петар Ангелов, Златко Мојсоски, Велко Марковски, Никола Митревски, Ацо Јоновски, Гоце Георгиевски и Милан Левов. Раководството на клубот и стручниот штаб се задоволни од прикажаните игри сезонава од овие седум играчи и затоа се одлучи да им ги продолжи договорите.

Со неколку странски засилувања и со останатите играчи кои се под договор со Металург, во клубот остануваат амбициите за висок пласман во домашните и меѓународните натпреварувања.

На денешната прес-конференција помошник тренерот Александар Петровски се осврна на постигнатите резултати на клубот во досегашниот тек од сезоната.

- Главните цели, добрата игра и осминафиналето во Лигата на шампионите и пласманот на „фајнл фор“ турнирот во СЕХА лигата се реализирани. Се надеваме на пласман во финалето на завршниот турнир од СЕХА лигата во Загреб. Екипата на Татран Прешов со која ќе играме во полуфиналето е силна и квалитетна, но се надеваме на победа и влез во финалето, а секако и освојување на шампионскиот трофеј во ова регионално натпреварување, истакна Петревски.

Во полуфиналето на СЕХА лигата в сабота од 15 часот и 30 минути во „Загребска Арена“ Металург ќе игра со словачкиот претставник Татран Прешов, а второто полуфинале е од 18 часот во кое ќе играат вториот македонски претставник Вардар ПРО и домаќинот Загреб. Победниците в недела ќе играат во финалето на премиерното издание на Регионалната ракометна лига - СЕХА.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...