НАЈАВАТА ДОБИ РЕАЛИЗАЦИЈА, НАЈДОБРИОТ ВАРДАРОВ ИГРАЧ СЕ СЕЛИ ВО "АВТОКОМАНДА"

Тихомир Додер од јуни во Металург!

Металург му зададе непријатен удар на својот најголем ривал Вардар само неколку дена пред натпреварите од завршниот турнир на Купот и десетина дена пред одлучувачката битка за шампионскиот пехар.

Тихомир Додер, српскиот интернационалец кој сезонава е најдобриот играч на Вардар, што неколкупати и Михајловски и Вујовиќ го потенцираа на прес конференциите следната сезона ќе игра во дресот на Металург.

Информација која беше најавена, но иако официјално нема изјави, потврдено е дека е точна.

Со овој потег Металург уште во овој момент го растура балансот во таборот на Вардар Про. Додер беше играчот околку кого се вртеше практично се во играта на "црвено-црните" и неговото заминување ќе значи дека Вардар место да го надоградува тимот кој го создаде есеноска, на лето ќе мора одново да почнува помалку повеќе од почеток. Заминувањето на Собол и можеби и на уште некој играч плус, значи дека Вардар одново ќе мора да купува, воигрува итн.

Тоа што сето ова се случува во овој период само дополнително ја усложнува ситуацијата во која се најде Вардар, иако тоа и не мора да значи ништо. Додер ќе треба професионално да си ги одработи своите задачи на преостанатите 3 натпревари на Вардар и можеби "црвено-црните" доколку стигнат барем до еден од преостанатите 2 пехари ќе можат да ја заокружат сезоната како успешна. Иако пехарот од СЕХА и сега им дава право да кажат дека имале добра сезона.

Сега, а посебно наредната сезона ќе треба да дојде до израз тоа што Вујовиќ го има нагласувано, а тоа е дека гради тим кој нема да зависи од еден играч. Инвестицијата Игор Карачиќ ќе треба да се покаже како добра, затоа што тој е играчот кој ќе треба да го понесе Вардар во иднина.

Металург од друга страна ангажираше играч кого многу добро го познава и ги знае неговите квалитети. Нема да му биде потребно многу време да се воигра и да влезе во "шемата" на Лино Червар, со оглед на тоа дека своевремено играше заедно со добар дел од играчите кои сега се во Металург. Останува забележано и дека одлично се сложуваше и надополнуваше на паркетот со Наумче Мојсоски и Младен Ракчевиќ, двајца ракометари кои веќе неколку сезони се дел од "сино-белите". Со Додер и целосно фит Батиновиќ, Металург добива четири бека кои можат да разигруваат и да ги малтретираат противничките одбрани додека не се отвори простор, со тоа што Червар добива повеќе опции за ротација. Додер е играч кој може да шутира и од дистанца, иако како егзекутори од поголеми далечини и следната сезона во прв план ќе останат Марковиќ, Козлина и Јоноски.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...