Можеме и мораме на СП

Македонската машка репрезентација ги одработува последните денови пред патот кон Виена, каде што в сабота одново ќе ги одмери силите со австрискиот тим од каде очекуваме да избори пласман на Светското првенство кое во јануари ќе се одржи во Шпанија.

Македонија во Скопје забележа победа од 5 гола разлика. Со оглед на тоа како се одвиваа настаните, разликата реално требаше да биде поголема, можеби и двојно од ова што е сега, но како резултат треба да бидеме задоволни и да не одиме по народната "преку леб - погача".

Ова е разлика која треба да ја одведе македонската селекција на мундијалот, а тоа што се работи за предност која да не се залажуваме е достижна, треба да ги држи "на штрек" македонските репрезентативци се’ до последната минута од реваншот.

Во Скопје се играше нервозен натпревар, а заслугата за тоа не е само во температурата во салата и стилот на играње и однесување на противникот. Во нашиот табор не функционира хиерархијата, но некои работи подобро е да се решаваат откако ќе заврши се. Во моментов има само една важна работа на која треба да се насочено целото внимание, а тоа е Австрија и саботниот натпревар.

Македонските репрезентативци генерално се умерено задоволни од резултатот, но не и од играта која ја прикажаа на првиот натпревар.

"Можеме да дојдеме до СП. Мораме да го задржиме континуитетот кога почнавме со убави успеси и во колективните спортови. Тоа не е добро само за нас и за ракометот туку и за комплетно целиот спорт во и за Македонија како држава.

На првиот меч во Скопје одигравме катастрофално лошо според мое мислење. Но и со таква игра успеавме да победиме со пет гола разлика. Имавме и плус осум, можевме да финишираме и подобро, на крајот завршивме со само пет гола разлика. Ги видовме кои се Австријците, ги почувствуваме како тим на терен и верувам дека треба да се пласираме на СП.

Не знам, но не верувам дека тие можат многу подобро од ова во Скопје или да не изненадат со нешто. Но, дури и да можат, јас знам дека ние можеме многу подобро од ова што го одигравме во саботата. Не верувам дека ние би одиграле во ваков краток период два толку слаби натпревари. Во Австрија сигурно ќе играме подобро отколку во Скопје и дека на крајот ние ќе се пласираме на првенството", изјави Наумче Мојсоски.

Ниту Австрија не играше добро и тоа направи да изгледаме подобро отколку што бевме, но Македонија имаше комплетна резултатска контрола во текот на целиот натпревар, а на крајот останува да се брои само резултатот.

Добро е што играчите покажаа самокритичност и не се задоволни од тоа што како тим го одигра Македонија, затоа што тоа е најава дека на следниот меч треба да гледаме подобра партија.

Австрија, пак, ако ги гледаме работите од друг агол одигра многу слаб натпревар, меч на кој имаа 20 технички грешки од кои дел и не беа изнудени. Разлика од пет гола беше нешто што се очекуваше, иако тоа се очекуваше да биде остварено во финишот, а не по само 10 минути игра. Комплетната нивна игра е под очекувањата, па оттука и резервираност за тоа што можеби можат да го одиграат в сабота.

Стратегијата да испратат чувар за Лазаров во Скопје се покажа како нивна најдобра идеја на натпреварот. За очекување е со истото да се обидат и во Виена и тоа е нешто на кое треба да биде подготвен македонскиот напад.

Австрија направи многу технички грешки во ситуација кога не беше принудена да брза. Сега почнува од минус пет, ќе има притисок врз нив дека треба да "бркаат" и извесно повеќе да ризикуваат во напад, а тоа е шанса за македонскиот тим. Прашањето е дали ќе "јуришаат" од почеток или ќе ги распоредат силите некако поинаку. Во секој случај, не треба видат шанса на терен која може да им даде крилја.

Идеално за нашиот тим би било уште на стартот да преземе контрола и предноста од пет гола да ја зголеми без да им дозволи на противниците да фатат ритам. Во вакви ситуации, дури и почетно водство од 2-3 разлика може да одигра клучна улога за тоа како понатаму ќе се одвива натпреварот. Важи и спротивното, што значи дека концентрацијата на македонските играчи треба да биде на максимум уште од првиот напад.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...