Виена е попатна станица до Шпанија

Завршија подготовките на македонската репрезентација за настапот на последниот меч во оваа сезона.

В сабота, во Виена, македонската репрезентација ќе излезе на мегдан со австрискиот тим и во рамките на последните шеесет минути сезонава ќе биде одлучено дали во јануари следната година, на мундијалот во Шпанија ќе игра Македонија или тоа ќе биде тимот на Австрија.

Македонија е во подобра позиција, има пет гола предност од првиот натпревар кој минатата сабота се одигра во Скопје. На тој меч Македонија не прикажа врвна претстава, но и со таква игра беше поблиску да победи со двоцифрена разлика отколку резултатот да биде "тенок" и Австрија да добие поголема шанса.

Сега оди по заверка на пласманот. Австрија е тим кој би било умно да се респектира и против нив да се игра максимално фокусирано. Не покажаа ништо вредно да се спомене во Скопје и треба да бидат среќни што македонските играчи им дозволија дома да се вратат со пет гола негатива и на тој начин да ги задржат шансите за пласман на СП.

Не веруваме дека Австрија ќе одигра уште еден толку лош меч како во Скопје, но од друга страна ниту дека можат да го подигнат нивото толку високо, па да ги изненадат македонските ракометари.

Посебно затоа што и Македонија не одигра којзнае колку добар меч, па очекуваме и нашиот тим да биде покомпактен на реванш натпреварот.

Македонската селекција паралелно со подготовките за настап против Австрија решаваше и внатрешни проблеми, но засега нема заземено дефинитивен став. Веројатно по Виена ќе се затворат спорните случаи.

Се очекува македонскиот тим да настапи без измени во составот в сабота. Клучните играчи се подготвени и тоа дава сигурност дека во јануари македонскиот состав ќе биде дел од светската смотра и на тој начин ќе успее да врзе два настапи еден по друг на големи натпреварувања.

За очекување е противникот да почне да јуриша уште од првиот момент. Веројатно ќе се обидат со одбраната која овде, во Скопје, им функционираше солидно во второто полувреме. Не би требало да бидеме премногу загрижени во тој поглед затоа што сигурно овој пат ќе има против-игра. Дека ќе се обидат со жестоки дуели уште од прв момент да наметнат критериум кој нив ќе им одговара е сосема логично да се очекува. Важна улога ќе играат и литванските судии кои ќе треба да ги "сосечат" евентуалните пренагласени стартови од домашниот тим.

Дека ќе дадат "домашна" предност е јасно, но да се надеваме дека тоа ќе биде во рамките на нормалата и дека нема тие да бидат "играчите" кои ќе и дадат ветер на австриската репрезентација.

Противниците најавуваат дека се подготвени и веруваат дека се доволно квалитетни да анулираат предност од пет гола. Разликата која Македонија ја оствари на првиот натпревар е границата, односно разлика за која безмалку секој играч би потврдил дека е тешко да се стигне, а истовремено и тешко да се одбрани. Нема гаранција за мирен меч со пет гола позитива, а од друга страна е исклучително тешко и за екипата која треба да го "брка" овој резултат.

Македонија би сакале од почетокот да наметне ритам, така што почетните пет гола би се претвориле во 7-8 разлика по десетина минути игра и тоа би можело да биде вовед во мирен натпревар.

Во спротивен случај, доколку Австрија на пример успее во рана фаза да стигне до 2-3 гола позитива, што воопшто не е исклучено дека може да се случи, тогаш ќе претстојат тешки минути и за двата тима и сите опции ќе се вратат во игра доколку успеат да го одржат таквиот ритам.

Да се игра на победа е најдобриот концепт за македонскиот тим, да се наметне контрола значи и да се избори пласман на светското првенство. По тоа сосема поинакви шест месеци ќе бидат пред македонскиот состав.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...