Светски рекорд на Оливера Наковска Бикова

Македонската стрелачка Оливера Наковска Бикова денеска постави светски рекорд во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон.

Во квалификациските борби на стрелачкиот турнир, Наковска Бикова постигна 381 кругови, што е најдобар резултат во светот.

Оливера Наковска Бикова го освои и златниот медал во стрелање со воздушен пиштол на Параолимписките игри во Лондон. Таа беше убедливо најдобра во квалификациите, постигнувајќи нов светски и параолимписки рекорд со 381 кругови.

Ова е трета Параолимпијада на која учествува Наковска-Бикова. Пред осум години во Атина таа беше шеста, на Игрите во Пекинг во 2008 година се пласира на петтото место, додека на Параолимписките игри во Лондон таа за прв пат во нејзината кариера стана параолимписки шaмпион.

Воздушен пиштол е специјалност на Оливера Наковска Бикова.

Тренерот Бранимир Јовановски, очекува Наковска Бикова и вториот наш претставник Ванчо Каранфилов да се пласираат во финалето во стрелачките натпревари во барем една од трите дисциплини во кои учествуваат на Параолимпијадата во Лондон. Каранфилов е параолимписки вицешампион од Игрите во Атина, пред осум години.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...