Убедлив пораз на Македонија на гостувањето во Португалија

Македонската репрезентација на гостувањето кај Португалија го доживеа првиот пораз во квалификациите за ракометното Европско првенство што во 2014 година ќе се одржи во Данска.

Домашната репрезентација славеше победа од 32:25 (18:13). Ова беше четврти пораз на македонската ракометна репрезентација на четвртото гостување во Португалија.

По добриот почеток и водството од 3:2 за Македонија, противникот за десетина минути направи серија од 9:1 кон средина на првиот дел имаше предност од седум голови (11:4). Нашите ракометари се обидуваа да ја консолидираат играта, но грешките, пред се во нападот, на домаќинот му овозможуваа предност (седум голови во четири наврати).

На полувремето беше 18:13. Вториот дел донесе подобра игра и со помалку грешки, па така во три наврати дојдовме на негатива од два гола (22:20; 25:23; 26:24), но тоа беше се што направија нашите играчи. Во последните десет минути Португалија повторно направи серија овој пат од 6:1 за конечни 32:25.

Најефикасен на натпреварот беше Кирил Лазаров со девет голови, додека кај Португалија најпрецизен беше Карниеро со 8 голови. На вториот натпревар од групата 1 Шпанија како гостин ја совлада Швајцарија со 33:22. Шпанија е прва во групата со 4 бодови, Македонија и Португалија имаат по 2, а Швајцарија е последна без бод. Следниот натпревар Македонија го игра во март 2013 година со Шпанија на домашен терен.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...