Одигравме најслабо во последните неколку години

Капитенот на македонската ракометна репрезентација Кирил Лазаров по поразот од Португалија вчеравечер на гостувањето во градот Еспињо, на својата веб страна го пренесе разочарувањето на сите репрезентативци од играта и од резултатот.

- Го одигравме можеби најслабиот натпревар во последните години. Тоа што ни се случи со Швајцарија, ни се повтори и овде во Еспињо. Големи падови во играта не се дозволени за една амбициозна репрезентација. Тоа противникот го казнува експресно. Можеби занесени од добрата играта и огромната гол разлика со Швајцарија, подсвесно помисливме дека сме многу силни и покрај проблемите со кои се соочувавме во претходните денови, изјави Лазаров.

Сепак, македонскиот капитен е оптимист околу пласманот на репрезентацијата на Европското првенство во Данска.

- Од овие работи можат да се научат големи поуки. Затоа што ништо не е загубено. Се’уште ние сме големи фаворити за пласман во Данска. На грешките се учи. Ја загубивме „битката“, но не и „војната“ заврши Лазаров.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...