Во Скопје ќе биде тешко и жешко

Иван Чупиќ, хрватскиот ракометен репрезентативец и играч на позицијата десно крило во полскиот клуб Киелце, противникот на Металург в недела во 5.коло во Лигата на шампионите, очекува тежок дуел со македонскиот првак и жешка атмосфера на трибините, но се надева на позитивен исход.

- Уште не сум играл против македонски тим, но се радувам на натпреварот в недела, затоа што знам какво е чувството да се игра во атмосфера која ја создава македонската публика. Сигурно дека атмосферата во Скопје ќе биде жешка и бучна, но тоа е уште еден дополнителен мотив за сите да прикажеме една добра партија и сето тоа да биде еден празник на ракометот, изјави Чупиќ за клупскиот сајт на Металург.

Хрватскиот интернационалец во полската екипа упати пофални зборови и до тренерот на Металург и негов сонародник Лино Червар.

- Сигурен сум дека Лино тактички добро ќе ја постави својата екипа, но ги знаеме своите квалитети и ќе се обидеме да дојдеме до важни бодови за нас, оти знаеме што ни носи првото место во групата.

За атмосферата во Киелце пред гостувањето во Скопје, Чупиќ вели дека малку е разнишана по поразот во домашното првенство од директниот конкурент за титулата, но изрази надеж дека заедно со неговите соиграчи ќе извлечат поуки од тој пораз и дека во Скопје ќе се прикажат во добро светло.

Натпреварот Металург - Киелце ќе се одигра в недела од 18 часот во Спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...