Со ветерот од публиката до успех против Киелце

Киелце е фаворит, но ние со помошта од нашата публика која ќе ни биде ветер во грбот можеме да стигнеме до позитивен резултат. Свесни сме дека не може секогаш да победуваме, но доколку не направиме многу технички грешки и ако играме трпеливо во нападот ќе може да се надеваме на успех и на овој дуел, рече на денешната прес-конференција Лино Червар, тренерот на македонскиот ракометен шампион Металург, пред неделното дерби во Лигата на шампионите против полскиот претставник Киелце.

Червар со доделувањето на фаворитската улога на полскиот шампион укажа на силината и квалитетот на Киелце.

- Тоа е најдобриот полски клуб во кој играат многу интернационалци, пет Хрвати, еден Србин, еден Словенец, како и најдобрите полски ракометари. Тие не кријат дека целта им е настап на завршниот „фајнл фор“ турнир во Келн. Најсилно оружје им е нивната транзиција. Ќе ја казнат секоја наша техничка грешка и затоа треба да бидеме многу внимателни и да не им дозволиме многу контри, истакна македонскиот тренер.

Тој потенцира дека приоритет е влез во ТОП 16 во Лигата на шампионите, но кога веќе се создаде убава можност да се биде на едно од првите две места во групата, „металурзите“ треба да ја искористат оваа шанса, затоа што во тој случај реваншот во следната фаза би го играле на домашен терен.

И капитенот Ванчо Димовски на прес - конференцијата го потенцира квалитетот на неделниот противник составен од трофејни играчи кои имаат медали од сите големи натпреварувања. Сепак Димовски рече дека крајниот резултат ќе зависи од играта на Металург, а со поразот во Полското првенство од Висла, Киелце покажал дека не е непобедлив.

Натпреварот од 5.коло во Лигата на шампионите меѓу Металург и Киелце, двете екипи со максимални четири победи во досегашниот тек во групата „Ц“, ќе се одигра в недела во „СЦ Борис Трајковски“ во Скопје со почеток од 18 часот. Сите билети за овој натпревар се распродадени.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...