Металург оди на 5 од 5

Се бројат часовите до следната голема пресметка во Лигата на шампионите на ЕХФ која ќе се одржи во Скопје. В недела, во "Борис Трајковски" силите ќе ги одмеруваат двата непоразени тима од групата "Ц", македонскиот Металург и полскиот Киелце.

Ова ќе биде (дво) меч за прво место во групата кое носи дуел со најслабите учесници во Топ 16. Следната сабота се игра и возвратниот натпревар, по што ќе се знае која екипа ќе ја има предноста во продолжението на елитното натпреварување.

На стартот на сезоната за Металург и самиот пласман во Топ 16 ќе беше повторување на историскиот успех, воедно и најдобар пласман на македонска екипа во ова натпреварување, но работите се изменија и сега се атакува не само на Топ 16 туку и на првото место во групата.

Киелце е екипа која е слична на Металург. Само што многу побрзо оди по патеките на успехот отколку македонскиот тим. Парите ја имаат овде главната улога. Имаат неколкупати поголем буџет, неофицијалните информации се дека располагаат со околу 6.000.000 евра, што е многу блиску до екипи како Рајн Некар, Хамбург итн. Реално, веројатно имаат помалку пари од цифрата која се споменува, но и натаму сигурно имаат најмалку трипати поголем буџет од металурговиот. Географската близина со Германија, тоа што се во ЕУ пак, им овозможува многу полесно да дојдат до квалитетни играчи итн.

Брза експанзија, посебно на тим кој игра во слаба домашна лига, остава празнини во играта. Тоа најпросто се објаснува со во пракса докажаното правило дека екипата не си ги знае своите слаби страни. Иако беа импресивни и во Лигата на шампионите досега, сепак, не се судриле со тим каков што е Металург. Висла Плок е нешто најблиску до тоа, а таа средба ја загубија со 7 гола разлика.

Киелце во Скопје ќе има предност што не мора да победи. Тие за седум дена ќе го добијат товарот кој се носи на домашен терен. Овде ќе бидат релаксирани барем до извесен степен. Од руга страна на Металург му е битно само да победи и тоа практично ја поништува психолошката предност на гостите.

Киелце е опасен тим, многу поопасен од Висла која лани лесно беше надиграна и поразена во Скопје. Киелце годинава ги доведе двете хрватски крила Мануел Штрлек и Иван Чупиќ и тоа ги прави исклучително опасни. Тоа се два играчи кои шутираат (и погодуваат) од позиција, се "креваат" на шут и од самиот агол и мора постојано да се внимава на нив. Така ја развлекуваат противничката одбрана и им оставаа простор на бековите кои ако сакаат, шутираат и од 12 метри.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...