Металург го тестира лимитот на можностите

Времето за калкулации, подготвување на тактика и исчекување истече. Утре, во "Борис Трајковски" е закажана првата воопшто пресметка меѓу екипите на Металург и Виве Киелце. Прва во историјата и меч за историја. Двата тима во моментов го бележат својот најдобар старт во Лигата на шампионите, во историјата. Двата тима заедно со Барселона и Веспрем се единствените кои ги имаат собрано сите осум бода од четири натпревари. Во понеделник ова друштво ќе биде намалено најмалку за еден член. "Борис Трајковски" само една екипа ќе го напушти со крената глава. Улогата на фаворит ја имаат Полјаците, и тоа не само на хартија туку и според букмејкерите. Коефициентот за победа на Металург е 2.25, за Киелце е 1.75.

Но, над 6000 гледачи кои ќе дојдат в недела на натпреварот доаѓаат за да го видат Металург како победува и тоа играчите на македонскиот тим имаат обврска да им го испорачаат.

Според распоредот на натпреварите во ЛШ, веќе следната недела одново силите ќе ги одмеруваат истиве екипи, но во Полска, што за Металург во случајов може и да е предност. За македонскиот тим единствено важно е да победи на овој меч, за Полјаците не е страшно и да загубат со тесна разлика. Јасно, доаѓаат со амбиција да победат, а математиките ќе се прават на терен.

Киелце е екипа која беше доминантна во Полска во деведесеттите, но на почетокот на новиот милениум го загуби приматот. Во 2003 стана првак, но по тоа дури во 2009 година повторно се најде на тронот. Во последните три години двапати има учество во Топ 16 (еднаш се квалификуваше со валјд карта). Сега сосема извесно ќе обезбеди и трет пласман во КПК.

Некаде во тоа време (2008/09) Богдан Вента го почна големиот проект. Киелце доби многу пари и почна да ги враќа од Бундес-лигата најдобрите полски играчи. Направија добра база од домашни репрезентативци која по тоа продолжија да ја надоградуваат со интернационалци. Растко Стојковиќ ја отвори балканската порта низ која по тоа мина Мирза Џомба, а по тоа следеше вистинска навала. Откако по две сезони увидоа дека мораат да купуваат многу поквалитетни играчи за да стигнат до Топ 8 или уште повеќе фајнл фор, во Киелце стигнаа Урош Зорман, Денис Бунтиќ, Жељко Муса, годинава и Мануел Штрлек и Иван Чупиќ. Од полските играчи ги вратија Славомир Шмал, Карол Биелецки и Криштоф Лијевски.

Киелце со себе носи играчи кои македонската публика имала шанса да ги запознае, но не и да ги гледа во живо во Македонија. Карол Биелецки на пример, Славомир Шмал, Кроштоф Лијевски, премиерно ќе ја почувствуваат атмосферата во "Борис Трајковски". По пет години повторно доаѓа Иван Чупиќ, кој се прослави токму во Македонија на јуниорското СП. Денис Бунтиќ доаѓа по пауза од три сезони, од лани ги паметиме Мануел Штрлек... Сето ова сосема убаво во целина го има спакувано поранешниот селектор на Полска, Богдан Вента, кој нема добро искуство со Македонците. Досега двапати како селектор на фаворизираната Полска ги губеше натпреварите со Македонија.

Кога с$ ќе се собере, Киелце и Металург имаат многу слична историја кога се работи за Европа и начинот на кој се развиваат како клубови. Киелце оди побрзо по тој пат, а јасно парите се тие кои ја прават разликата, а Киелце годишно троши трипати повеќе од Металург.

Од македонскиот табор најважна е информацијата дека Наумче Мојсоски и Ванчо Димовски ќе бидат на терен. Комплетен Металург има шанса да ја победи секоја екипа во Европа, барем на свој терен.

Но, по четирите победи од кои две извојувани на гостински терен, очекувањата на жедната за спортски успех јавност нагло пораснаа. Веќе одамна слушаме "приказни" за Топ 8, дури и за фајнл-фор. Токму ова се обидуваше Лино Червар во текот на сезоната да го амортизира, но безуспешно. Шоуто на "металурзите" на дуелите со Ст. Петербург и Загреб си го стори своето. Салата се распродаде за 2 часа во очекување на нов спектакл.

Но, реалноста не е толку розова. Опасен противник ќе стои на спротивната страна на теренот. Екипа која знае да игра, која е разновидна и која има клупа силна колку и првата постава. Средбата ќе биде вистински тест за Металург. Воедно и одговор на публиката со с$ поголем апетит. Дали е Металург годинава навистина моќен за да стигне до Топ 8, можеби до фајнл фор?

Во моментов е вистинска храброст да се зборува, дури и мисли на таа тема. Но, така беше и на почетокот на сезоната кога беше храброст да се мисли на четири победи во првите четири кола.

Утрешниот меч ќе покаже на кое ниво е годинава Металург и дали очекувањата се преголеми или пак има барем малку реална основа од "сино-белите" да се бара да отидат напред во ЛШ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...