Да ми понудеа двете титули да се решаваат во Кале веднаш би прифатил

Ако некој ми понудеше пред почетокот на сезоната двете титули да се решаваат во СРЦ Кале против Металург веднаш ќе прифатев. Противник е многу квалитетен предводен од добар тренер со пласман меѓу осумте најдобри во Европа, но годинава имаме одиграно четири натпревари со нив и само еднаш загубивме во натпреварот од СЕХА лигата кој не одлучуваше ништо, изјави Вујовиќ на заедничката прес-конференција пред почетокот на „Фајнл фор“ во Купот.

Според Вујовиќ во македонскиот ракомет се уште нема екипа која може посериозно да им се спротивстави на Вардар и Металург во Скопје, па победникот од нивниот меч ќе биде голем фаворит во неделното финале.

Комплименти кон противничкиот состав упати и тренерот на Металург Лино Червар.

- Во полуфиналето за противник имаме респектабилна екипа со која веќе подолго време го сочинуваме најголемото дерби на Балканот. Вардар е домаќин, ние ќе настапиме ослабени без Наумче Мојсоски и нецелосно рехабилитирани Филип Миркуловски и Младен Ракчевиќ и поради тоа противникот има мала предност. Нема предавање, ние ќе се бориме до крај со цел да стигнеме до пехарот, истакна Червар.

Организаторот на купот Вардар Про информира дека од безбедносен и од технички аспект се е превземено да помине во најдобар ред.

Поради големиот интерес од навивачката група на Вардар, како и од спонзори и пријатели на Вардар, билети во слободна продажба ќе нема, а за останатите екипи организаторот обезбедил по 20 влезници.

Во првото полуфинале утре од 18 часот ќе играат Вардар Про и Металург, а два часа подоцна во вториот полуфинален дуел ќе се сретнат Металург Јуниор и Зомимак Струмица.

Победниците в недела ќе се борат за трофејот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...