Ојлевски потпиша за Металург

Еден ден по напуштањето на Вардар, ракометарот Гоце Ојлески потпиша двегодишен договор со Металург.

- Ојлевски е повеќегодишна цел на нашиот клуб и треба да помогне во ситуација кога Дејан Манасков закрепнува од тешката повреда на коленото. Тој е уште еден македонски репрезентативец во тимот на Металург, што е во рамките на нашата прокламирана политика за македонски Металург, соопштуваат од македоснкиот вицепрвак.

Новиот играч на клубот од Автокоманда задоволен што кариера ќе ја продолжи во клубн кој иднината ја базира врз играчи од Македонија.

- Со доведување на некои играчи во мојот поранешен клуб, станав непотребен и морав да го напуштам Вардар. Луѓето од Металург ме исконтактираа и брзо се договоривме. Знаејќи ја политиката на клубот во однос на македонските ракометари убеден сум дека нема да има никакви проблеми, а на мене е да се докажам на теренот. Дојдов во клуб со големи амбиции и одлични ракометари и среќен сум поради тоа, изјави Ојлески.

Новото крило на Металург во својата кариера настапувал за екипите на Струга и за Вардар ПРО.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...