Троицки суспендиран година и пол

Српскиот тенисер Виктор Троицки доби забрана за настап на сите турнири следните 18 месеци поради одбивање да достави примерок за допинг тест.

Во текот на АТП Мастерсот во Монте Карло, Троицки бил избран за допинг тест, но тој доставил само примерок од урина, а не и од крв.

Троицки тврди дека го известил надлежниот орган дека не однел крв поради тоа што не се чувствувал добро во тој момент.

- Добив одговор дека се е во ред и дека подоцна ќе може да однесам примерок од крв. Тогаш не се чувствував добро, а кога давам крв уште повеќе ми се влошува состојбата. Докторката ми рече дека сум блед и дека треба да го прескокнеме тестот. Таа ми предложи да напишеме писмо до ИТФ, ми издиктира што да стои во известувањето и ме пушти да одам. Сега ме обвинуваат. Ова е кошмар за мене, стои во соопштението од Троицки.

Српскиот тенисер додава дека следното утро истата докторка му направила тест на примерок од урина и од крв и дека резултатите биле негативен на недозволени супстанци.

Меѓународната тениска асоцијација (ИТФ) причината за брзите допинг тестови ја наведува во можноста евентуалното користење на забранети супстанци кои можат брзо да бидат исфрлени од телото.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...