Скопје ќе ужива во елитен ракомет

Вардар СЦБТ стана третиот тим од македонската престолнина што ќе игра во групната фаза од Лигата на шампионите

Барселона, ПСЖ, Динамо Минск, Ларвик, Подравка... тоа се дел од екипите кои македонските љубителите на ракометот, посебно од главниот град ќе можат сезонава во живо дали по двапати или по еднаш да ги гледаат во „Борис Трајковски“ на дуели со најдоброто што го има Македонија. Понуда каква што нема ниту еден друг град во Европа.

Вардар СЦБТ успеа да ја оствари примарната цел и во првиот обид ги мина квалификациите и се пласираше во групната фаза од Лигата на шампионите.

Салерно и Флери не беа екипи што можеа да ги помрсат сметките на моќниот состав што летово се комплетираше во Скопје.

Сега Вардар СЦБТ продолжува во натпреварите во групната фаза, дел од натпреварувањето каде што не сме имале претставник од сезоната 2008/09, последната на која Кометал Ѓ. Петров ја претставуваше државата.

Многу работи се сменети од 2008 година. Економската криза остави длабока трага, па квалитетот на екипите сега сконцентриран во два центри. Во Ѓер и Подгорица, другите екипи со чест на исклучоци веќе не се конкурентни како што некогаш беа.

За првпат во ЛШ на ЕХФ во групната фаза нема да има руски клуб! Практично нема ниту шпански затоа што првакот на Шпанија не е ни МАР Валенсија ниту Елда Престиго туку се вика Бера Бера. Други куриозитети се што Виборг е елиминиран во квалификациите од романскиот Баја Маре, а Митјиланд е шампион на Данска. Шведскиот Савехоф е редовен учесник во групната фаза... Мал исклучок би можеле да бидат Ларвик, Крим и Мец, екипи препознатливи од минатите времиња, опасен клуб одново стана ФТЦ (порано познат како Херц Ференцварош). Тука е и Хипо, но без Гунар Прокоп и без аспирации за пехарот.И тоа е тоа. Вардар СЦБТ кој на оваа карта ја замени Влчеа која лани имаше шампионски амбиции веднаш се најде високо на ранг листата како еден од тимовите што можат да се борат за шампионскиот пехар.

Форматот на натпреварување остана ист. Екипите играат во групната фаза која е составена од 4 групи од по 4 екипи. Двете најдобри од секоја група продолжуваат во главната рунда. Откако ќе се одиграат овие натпревари, по пат на полудиригирана ждрепка се формираат две групи од по четири тима, најдобрите два од секоја група. По тоа, ќе се игра полуфинале или доколку на ЕХФ му се допаднат апликациите од Љубљана и Будимпешта, за првпат ќе се игра Ф4 турнир, како што е, пример, во машката Лига на шампиони.

Топ фаворит за освојување на Лигата на шампиони е Ѓер. Долги години не успеваа да се искачат на врвот. Сега, кога конечно се таму, имаат големи шанси и да се задржат. ФТЦ кој ги совлада во домашниот шампионат, Будуќност, Крим или Вардар СЦБТ се екипите што можеби имаат шанси да ги симнат од тронот.

Крилото на Вардар СЦБТ, Јованка Радичевиќ, која лани со Ѓер стана европски првак секако смета дека Вардар може да биде европски шампион:

„Победнички го почнавме овој голем проект. Многу ми е мило што дојдов во еден ваков клуб со големи амбиции. Горда сум и многу сум среќна, а сега кога влеговме во групната фаза од Лигата на шампионите целта е јасна – трофеј! Добро се воигравме, делуваме компактно, а тоа и го докажавме вечерва во финалето. И не само вечерва, туку на целиот овој турнир. Задоволна сум и од мојата форма, вечерва постигнав девет гола, вчера „само“ два, што значи вкупно 11 или 5,5 голови по натпревар. Многу ми е мило што постигнавме ваков резултат, треба вака да продолжиме да ја темпираме формата за големите натпревари што ни претстојат“, изјави за клупскиот сајт Радичевиќ.

Тренерот на скопскиот тим Индира Кастратовиќ смета дека играта во одбрана била клучниот елемент.

„Им честитам на девојките за овој успех. Ова беше голем предизвик за нас, но одигравме добро, со ладни глави и успеавме. Најважно од се, нашата одбрана денеска одигра без грешка. Тоа беше клучот за нашиот успех. Се подготвувавме за овој меч, бевме подготвени за секој напад на противникот и ги сопревме сите нивни акции. Одигравме тимски и најважно од се победивме и се пласиравме во групната фаза од Лигата на шампионите. Покажавме дека имаме квалитет за многу посилни натпревари и подготвени сме за новите предизвици што не очекуваат сезонава, посебно во Лигата на шампиони“, изјави Кастратовиќ.

Во тимот на Вардар годинава е и повратникот во македонскиот шампионат, Јулија Николиќ.

Од првата до последната секунда одигравме фантастично како екипа, сите се боревме, дававме поддршка една на друга. Одбраната функционираше без грешка. Работевме сите како што треба, бевме тим во вистинска смисла на зборот и затоа победивме и ќе играме во Лигата на шампиони. Нормално, имаше притисок, но доволоно сме искусни како играчи и успеавме да се справиме со сето тоа, не дозволивме опуштање. Се подготвувавме и физички и психички за овој меч со Флори, ги знаевме нивните слабости и знаевме каде треба да притиснеме

ЛШ почнува во октомври, а оваа фаза од натпреварите ќе биде комплетирана во оваа календарска година.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...