Голем респект за македонските клубови

Најдобриот македонски играч утре за првпат во кариерата ќе се појави во „Борис Трајковски“ во улога на гостински ракометар

Сезоната во ЛШ нема да биде посебна само за македонските клубови и навивачи. Семакедонската група во ЛШ е комплетирана со единствениот македонски интернационалец во ЛШ - Кирил Лазаров. Веќе има играно против македонски тим, во дресот на Загреб, но и за него ова ќе биде сосема ново искуство. Доаѓа како предводник на Барселона, најголемиот клуб во светот и на премиерата на сезоната која сите со нетрпение ја очекуваме за првпат во „Борис Трајковски“ ќе биде во улога на гостин.

- Барселона веќе е во залет, а најголемиот предизвик годинава ќе ѝ биде во Лигата на шампиони.

„Сезоната ја почнавме како што посакувавме. Победуваме и тоа победуваме во голем стил. Од многу ракометни познавачи и аналитичари низ Европа слушаме за тоа дека лигата во Шпанија годинава е послаба. Но, не е само тоа туку и Барселона е засилена во однос на лани, па доминацијата не е само затоа што другите се послаби“, вели Лазаров.

- Барселона има дрим тим на располагање, како се снаоѓаш во новата улога?

„Клубот има голем фонд на квалитетни играчи и минутажа се добива практично на лажичка. И тоа важи за сите играчи. Затоа, кога некој ќе се најде на теренот, независно колку долго и со кој противник, дава максимум, најдоброто од себе. Кон секој противник имаме почит и играме максимално, така ќе биде и во Скопје, Лигата на шампиони е посебна приказна“.

- Добро си запознат со квалитетот на македонските претставници во Лигата на шампионите.

„Имам голем респект кон двата македонски клуба што ќе играат во Лигата на шампионите. Металург има повоигран тим со оглед на тоа што костурот на екипата е веќе долго време заедно. Вардар според имињата има 16 квалитетни ракометари на секоја позиција. Не знам колку добро се воиграни и како тоа ќе изгледа на терен на првиот вистински предизвик сезонава“, вели Лазаров.

- Барселона во Скопје доаѓа подготвена и внимателна...

„Веќе неколку дена разговараме за Вардар, се подготвуваме за тоа што нè очекува во Скопје. Поради многуте обврски и пристапот што го имаме кон секој меч немавме многу време, но ќе бидеме подготвени за Вардар“.

- Бидејќи си единствен Македонец во Барселона, сигурно си центар на заинтересираност и меѓу соиграчите. Како им го опишуваш Вардар?

- „Нема преголема потреба од тоа. Барселона има посебен тим што во текот на претсезоната собираше информации за сите противници, па така имаме материјали, сè што може да се има за Вардар го имаме на располагање“, вели Лазаров.

- Како тогаш ја опишуваш Македонија, тоа мора да ги интересира сооиграчите.

„Нема да имаме многу време да го разгледаме Скопје. Доаѓаме во петок вечер, во сабота по натпреварот веќе заминуваме назад. Жал ми е што нема да имаме барем една вечер повеќе да останеме во Скопје. Неколку играчи имаат поинакви не многу добри искуства од играње во Скопје, од порано. Се обидувам да им докажам дека градот е променет, изграден, дека сега е многу поинаку. Но, тоа треба да го видат, доживеат. Во зависност од обврските ќе видам дали ќе имам време да ѝ го покажам градот во поинакво светло отколку што го паметат. Реков кратко сме, најверојатно сега и нема да можам, но затоа, пак, се надевам дека кога ќе играме со Металург ќе имаме повеќе време и тогаш ќе можам да го сторам тоа“, вели Лазаров.

- Барселона е клуб што на секој меч мора да го правда реномето што го носи...

„Секој натпревар за нас е од голема важност, посебно натпреварите од Лигата на шампионите. Засилени сме од лани и кон секој противник пристапуваме многу сериозно. Посебно на натпреварите од Лигата на шампионите, а среќата сакаше да стартуваме од Скопје. Очекувам во салата во Скопје да има прекрасен амбиент и дека и публиката и играчите ќе уживаат во натпреварот“.

- Играње во Скопје во противнички дрес е поинакво искуство, играње против сопствениот брат исто така. Иако не е првпат, сепак, мора да предизвикува чувства.

„Веќе знам дека тоа е опишано како ’дружба си е дружба, а служба си е служба’. Да, поинаку е. Филип е капитен во Вардар и ќе има поинакви, поголеми обврски, поинаква улога. Во репрезентацијата јас сум во таква улога кога играме во Скопје. На теренот во секој случај двајцата ќе гледаме да дадеме максимум. Очекувам амбиентот да биде убав, натпреварот секако дека ќе биде посебен“, изјави Кирил Лазаров.

Барселона со македонските екипи се среќава во првото коло (Вардар гости), по тоа во третото коло, 12 октомври ќе го пречека Металург. Со Вардар во „Блау грана“ силите ќе ги одмерува на крајот на ноември, а второто гостување во Скопје ќе и биде на средината на февруари.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...