Голем бод за ракометарите на Вардар против фаворизираната Барселона

Македонскиот шампион Вардар одигра нерешено 29:29 против европскиот вицепрвак Барселона во натпревар од 1.коло од групата Ц во ракометната Лига на шампионите.

Пред 7.000 гледачи присутни во СЦ „Борис Трајковски“ во Скопје, Барселона се спасуваше од пораз. Во последната минута „Каталонците“ преку Никола Карабатиќ успеаја да изедначат на 29:29, а во последниот напад Вардар не успеа да реализира и да направи сензација.

„Црвено-црните“ одлично го отворија натпреварот со водство од 7-3 во 8.минута, а Барселона првпат поведе со 11:10 во 16.минута. На полувремето гостите имаа плус 4 (19:15). Во средината на вториот дел Вардар изедначи на 23:23, а потоа до самиот финиш ниту една екипа немаше поголема предност од еден гол.

Кај Вардар најефикасни беа Тимур Дибиров со 8 голови и Игор Карачиќ кој постигна 7. За гостите Сергеј Рутенка постигна 8 голови, а македонскиот репрезентативец Кирил Лазаров беше стрелец на 4, колку што реализираше и Никола Карабатиќ.

Вардар следниот дуел од Лигата на шампионите го игра веќе в среда во Минск против Динамо. На другите два натпревара од Ц групата:



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...