Време е да „скинеме“ некое големо име

Од призмата на обичен македонски ракометен гледач, Барселона е архивирана и погледите се насочени кон гостувањето на најскапиот тим во историјата на ракометот - Пари Сен Жермен.

Ова е екипа која двапати била во Македонија, еднаш на дуел со Пелистер и еднаш со Металург. Двапати беа елиминирани, а во Скопје беа прописно испрашени со девет гола разлика.

Но, се сменија работите оттогаш. ИХФ му додели мундијал за организација на Катар, а кратко по тоа и фудбалскиот газда на ПСЖ (шеик од Катар) одлучи да ја врати во друштвото ракометната секција која функционираше одвоено и како Париз Хендбал, без брендираното име ПСЖ.

Одеднаш во клупската каса се слеаја многу пари. Првобитно беше објавено 5 милиони, но откако се распадна АГ Копенхаген и станаа достапни ѕвезди како Микел Хансен буџетот речиси се удвои и стигна до 9 милиони. Доколку се верува на новинските извештаи од Франција, годинава се рекордери со над 13 милиони евра буџет.

Староседелци во тимот се голманот Патрис Аноје и Ибраим Диа, единствените што играа против Металург на последното појавување на ПСЖ на евро-сцената. Ангажираа цела легија на млади играчи, а ја сочинуваат Н’Даје, М’Тима, Нононе, Боубоу Туре, Њо, Јакубу... Во моментов е само логистика за првиот тим. А во првиот тим веднаш по доаѓањето на новиот сопственик се доселија Младен Бојиновиќ, Самуел Онрубиа прекалени играчи од француските првенства, по тоа и засилувањата од Сиудад, Лук Абало и Дидие Динар, од Шпанија долетаа и Роберто Гарсија и Мануел Сиера. Од Исланд дојдоа пикерот Роберт Гунарсон и леворакиот Азгеир Халмгримсон, по тоа Хрватот Марко Копљар и како круна на сè - Микел Хансен.

Тоа беше тимот што стана првак на Франција, но во меѓувреме шопингот продолжи. Игор Вори од Хамбург, Даниел Нарсис од Кил и Габор Часар од Веспрем се трите капитални инвестиции. Подоцна потпиша и Јаков Гојун од Атлетико и Фахрудин Мелиќ од Горење. Дидие Динар замина во пензија на почетокот на сезоната.

Во Металург се свесни за силата на противникот со кого ќе ги одмеруваат силите. Парижаните не беа импресивни на подготовките и стартот на сезоната, но предупредување е нивната победа од 11 гола разлика над Вардар.

Годинава играта на Металург во многу што зависи од перформансот на Ванчо Димовски. Искусниот пикер дава сигурност на линијата и ќе биде неопходен на дуелите со француските ѕвезди.

„За тие што макар малку знаат ракомет, знаат кој е и што е ПСЖ годинава. А и тие што не знаат ракомет, сигурно знаат барем две-три имиња. Сигурно барем едно од тие „три“ имиња што ги знаат игра во ПСЖ.

Не би сакал да трошам зборови на тоа каков тим доаѓа утре вечер во Скопје. Во моментов не играат на највисоко ниво и можеби тоа е нашата шанса. Тие се нов тим, две сезони. Купија многу ѕвезди првата, годинава докупија уште ѕвезди комплетираа тим, но преку ноќ ништо не се може, па така додека да профункционираат нема да им биде лесно. Но, тоа се врвни играчи и брзо ќе се склопат во играта“, вели Димовски.

„Ние ќе играме без Миркуловски и тоа е голем, голем хендикеп за нас. Но, плачење нема. Сите што ќе излезат на паркетот, знаат што ги чека и што треба да прават. Реткост е во Македонија да доаѓаат екипи каков што е ПСЖ во моментов. Знаеме сите во групата дека тие и Барселона се фаворити за првите две места. Екипите што ќе успеат од нив да извлечат бод или два се во голема предност пред другите во битката за Топ 16. Ние три години собираме искуство од играње со такви екипи во Лигата на шампионите. Знаеме како и на кој начин ги губевме натпреварите против големите екипи, како ХСВ на пример или лани од Киелце. Против послабите научивме како до бодови на гости, но сега треба да ’скинеме’ и некое од големите имиња. Имаме уште три дена да ги наредиме работите како треба. Отсуството на Миркуловски, повредата на Атман... Знаеме со какви играчи ќе имаме работа и што ќе се обидат да играат во Скопје. Како ќе се обидат да нè извлечат и избрзаат на шут, како играат одбрана. Ќе мора да бидеме внимателни во секое додавање и акција. Треба да го одработиме нашето, па да видиме како ќе биде и дали имаме можност да ги изненадиме“, изјави пикерот на Металург.

Средбата е закажана за в сабота, со почеток од 18:00 часот. ПСЖ ќе пристигне во Скопје утре попладне.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...