Најскапиот тим во историјата в сабота во Скопје

Лигата на шампиони во сиот свој сјај продолжува во Скопје викендов. Второто коло премиерно го отвори Вардар во Минск, а продолжува со гостувањето на светски популарните „светци“ - играчите на Пари Сен Жермен во „Борис Трајковски“. На дуел со Металург. Армијата фанови на Металург ќе може да го види најскапиот тим во ракометната историја на дуел со ракометарите од „Автокоманда“. Од клубот вчера информираа дека по почетното „лудило“ по сезонски билет (продадени над 3000 за цела сезона) сè уште има во продажба билети. Не во голема бројка, од вкупно 7000 околу 400 се во продажба.

ПАРИ СЕН ЖЕРМЕН

Тим составен од Младен Бојиновиќ, Габор Часар, Азгеир Халмгримсон, Јаков Гојун и Ибраим Диа на бековските позиции, по тоа Роберт Гунарсон на пивот, Патрис Аноје на гол, а Фахрудин Мелиќ и Жофри М’Тима на крила е екипа која може да игра важна улога во Лигата на шампионите и рамноправно да се бори со сите за влез во Топ 16 или за шампионска титула во кое било првенство.

Тоа е втората постава на ПСЖ.

Стартната седморка е дрим тим кого сите чекаат да го видат во Келн во директна битка за шампионскиот пехар. Македонските гледачи премиерно в сабота во „Борис Трајковски“ ќе може во живо да видат како функционира на терен најскапиот тим во историјата, а го сочинуваат Самуел Онрубиа и Лук Абало како крила, Микел Хансен, Даниел Нарсис, Марко Копљар на бековска линија, Игор Вори е пикер, а Мануел Сиера голман.

Ако барате слаба точка во оваа композиција на играчи - само си го трошите времето. Можеби единствениот кој не се вклопува по звучност во тимот е тренерот Филип Гарден, но 16-те години минати на клупата на Шамбери и фаворитската ролја која ја има во трката да биде наследник на Клод Онеста на чело на „експертите“ говорат нешто друго. Гарден е дел од проектот ПСЖ и една од првите ластовички што долетаа заедно со катарските инвестиции. Во Скопје доаѓаат освежени по победата од 13 гола разлика (41:28) на гости во Рен, кај тимот на Сесон. Се наиграа Микел Хансен (10/11) и Игор Вори (6/6) на тој натпревар. Постигнаа 41 гол, утнаа само 10 шута, импресивно.

Во Скопје доаѓаат со два бода освоени на свој терен на мечот со Динамо Минск. Не функционира(ше) ПСЖ според очекувањата на почетокот на сезоната, но кога сака - може. Па така има на салдо победи на Веспрем и победа над Вардар од подготвителниот период. Над Вардар славеа со 11 гола разлика. Не е репер, но е предупредување за зголемените апетити на македонската спортска јавност.

Македонскиот вицепрвак одржа прес-конференција на која го најави големиот дуел, прв во рамките на групата на домашен терен. Лино Червар и Наумче Мојсоски говореа пред медиумите во име на клубот и играчите.

„Скопје по Барселона, ќе има можност да го види и вториот големиот тим од групата. ПСЖ доаѓа во Скопје. Тој е клуб зад Копенхаген, кој кратко траеше, со најголем буџет, со огромни инвестиции“, изјави Червар и продолжи со честитки за ривалот во групата, Вардар.

„Ја користам можноста да честитам на Вардар за добриот резултат во првото коло од ЛШ против Барселона, тоа е добро за сите, за Македонија, за македонскиот ракомет. Што се однесува до ПСЖ, сметам дека овој тим заедно со Барселона се главни конкуренти и за титулата во ЛШ. Таму имам тројца мои ракометари со кои сум лично поврзан, Тројца што своевремено беа отпишани.Тоа се Вори, тоа е Копљар, тоа е Гојун. Па сметам дека Париз има дури и поголеми шанси од Барселона во битката за европската круна. Говориме за тим со неверојатно широк играчки кадар. Таму првиот пикер на Исланд е втора постава, таму Часар од Веспрем е втора постава“, изјави Червар.

„Тие се а, но прашањето е како да им се спротивставиме. Тоа им го реков и на моите играчи - ние немаме право на многу грешки ако сакаме да бидеме конкурентни. Ако гинеме во одбраната, а во нападот не ги продаваме лесно топките, само тогаш можеме да бидеме компетитивни и да се надеваме на позитивен резултат. Го немаме Миркуловски, тој е и повреден и суспендиран. Имаме проблем и со Атман, сè уште тренира под посебен режим.Видовте, не го користевме премногу ниту во Швајцарија. Важно ќе биде да се запрат нивните напади преку пикер на Вори, на кои инсистираат доста често, како и брзите противнапади, за што ќе мораме да ги лимитираме нашите грешки во нападот. Ако имаме предност, тоа е што немаме што да загубиме, притисокот ќе биде врз противникот, а не врз нас“ - вели стратегот на Металург.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...