Вардарци очекуваат тежок дуел со Татран Прешов

Ракометарите на Вардар утре во СРЦ „Кале“ го играат натпреварот од 4.коло од СЕХА лигата. Станува збор за квалитетн ривал, кој оваа година беше на чекор до пласман во Лигата на шампионите и на домашен терен загуби од Динамо Минск во решавачкиот натпревар од групата.

Во редовите на Вардар се внимателни во пресрет на овој натпревар особено што во меѓусебните натпревари имаат една минимална победа дома, едно реми и два пораза, од кој едниот лани во Скопје (29:33).

На денешната прес конференција тренерот на „црвено-црните“ Зоран Кастратовиќ ги потенцира квалитетите на словачкиот претставник.

- Татран Прешов е силен ривал. Тоа е тим со квалитети за Лигата на шампионите. Тоа е екипа која е кандидат за пласман на завршниот турнир. Имаат искусни играчи, врвни професионалци. Кај нас во овие денови кога малку трениравме потребна е мобилност, а ќе ни биде потребна и поддршка од трибините. Впрочем ова е и дерби на колото во СЕХА лигата, рече Кастратовиќ.

Вардар е втор на табелата, а Татран е трет и затоа и капитенот Филип Лазаров смета дека само со максимален ангажман на сите негови соиграчи може да се освојат бодовите.

- Оваа екипа е долго време заедно. За да стигнеме до победа потребно е да дадеме 100%, а на соиграчите ќе се обидам да им укажам на квалитетите на Татран.

Вардар на утрешниот натпревар ќе настапи без Игор Карачиќ, кој има воспаление на десното рамо и се се очекува неговото место да го заземе Илија Абутовиќ.

Гостите од Словачка според најавите од нивниот сајт ќе настапат без двајцата најдобри голмани Јакуб Крупа и Светислав Веркиќ.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Влегува калуѓерка кај игуманијата и и вели:
"Замислете Мајко, одев низ шумата кога наиде еден гад и ме силуваше. Што да правам?"
"Не грижи се, ќерко, само оди и изеди три...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1519.- Умре италијанскиот сликар, вајар,...
1860.- Роден е еврејскиот писател Теодор Херцл,...
1892.- Роден е германскиот пилот Манфред фон...
1903.- Во селото Смилево, Демирхисарско, почна...