Федерер избори пласман на Мастерсот во Лондон

Рожер Федерер успеа по 12-ти последователен пат да се пласира на завршниот Мастерс што оваа година се игра во Лондон, откако синоќа во 2. коло од Мастерсот 1000 во Париз го победи Кевин Андерсон со 2-0 во сетови.

Сега остануваат уште две празни места за учество на завршниот Мастерс во Лондон, откако по поразот во вторникот Жо Вилфред Цонга ги загуби шансите.

Најголеми кандидати за тие позиции се Ришар Гаске и Станислас Вавринка. Единствен кој може да ги загрози е Милош Раониќ, но тој треба да биде најмалку финалист на турнирот во Париз.

Денеска во париската сала „Берси“ на програмата се осминафиналните мечеви, по кои може да бидат познати и сите учесници за Лондон. Двојките се: Станислас Вавринка – Николас Алмагро, Давид Ферер – Жил Симон, Џон Изнер – Новак Ѓоковиќ, Рожер Федерер – Филип Колшрајбер, Ришар Гаске – Кеи Нишикори, Рафаел Надал – Јиржи Јановиц, Григор Димитров – Хуан Мартин Дел Потро и Милош Раониќ – Томаш Бердих.

Покрај Федерер учесници во Лондон се: Рафаел Надал, Новак Ѓоковиќ, Давид Ферер, Хуан Мартин Дел Потро и Томаш Бердих. Поради повреда учеството го откажа Енди Мареј.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Во лудница оди комисија да ги провери лудаците кој како се понаша и одат од еден до друг, некој се замислува дека е авион, друг скока во празен базен и така натаму. Доаѓаат до...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на слободата на печатот
1469.- Во Фиренца е роден Николо Макијавели,...
1492.- Кристифор Колумбо го откри островот...
1500.- Португалскиот морепловец Педро Алварес...