Македонија го започнува своето трето учество на ЕП

Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска ќе го започне својот трет настап на Европските шампионати.

По вчерашното патешествие кое траеше речиси 18 часа, македонските ракометари доцна по полноќ пристигнаа во Хернинг, град во кој ќе се играат натпреварите од првата фаза во А група.

Домаќинот и актуелен европски првак Данска е првиот противник на селекцијата на Македонија во дуелот кој ќе се игра вечер од 20 часот и 30 минути. Во првиот натпревар од оваа група од 18 часот ќе играат Австрија и Чешка.

Примарна цел на нашата репрезентација која беше петта на претходното Европско првенство во Србија 2012 година, е пласман во вториот круг, а за остварување на целта избраниците на селекторот Ивица Обрван не смеат да бидат последно пласирани во оваа конкуренција.

Ако се изземе европскиот шампион Данска кој важи не само за фаворит во групата туку и за фаворит за златниот медал, тогаш за остварување на целта на репрезентацијата на Македонија и е потребна минимум една победа во дуелите против Чешка во вторник (од 18:15 часот) или Австрија во последното 3. коло (четврток од 18:15 часот).

Покрај двата натпревари од групата А, на првиот ден на шампионатот во Алборг ќе се играат и првите средби во Б групата, а двојките се, Исланд – Норвешка (16 часот) и Шпанија – Унгарија (18:15 часот).

Во останатите две групи ќе играат:

Ц група: Србија, Франција, Полска и Русија.

Д група: Хрватска, Шведска, Белорусија и Црна Гора.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
- Зошто мажите и даваат имиња на своите пениси?
- Затоа што не сакаат некој безименко да донесува 98% од нивните одлуки.

webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
1473.- Роден е Никола Коперник, полски астроном,...
1743.- Роден е Луиџи Бочерини, италијански...
1797.- Папата Пие VI со Наполеон Бонапарта го...
1800.- Наполеон Бонапарта се прогласи за прв...