Нов спектакл, Барселона за крај на главната рунда

Лигата на шампионите, главната рунда е на крајот. Останува уште да се комплетира последното коло и во вторник екипите распоредени во четири т.н. барабани или шешири да чекаат генералниот секретар на ЕХФ, Михаел Видерер, да им додели противник со кого ќе ги одмеруваат силите во првата нокаут рунда, Топ 16.

Но, до тој момент има уште да се игра, а посебно интересно станува во групата „Ц“ каде се двата македонски тима. Откако обезбедија пласман во Топ 16, сега македонските екипи се загледаа во второто место. Разликата во квалитетот на противниците што ги носи второто и третото место е голема, па затоа местото број два ќе биде целта на Металург и Вардар. Барселона доминантно го освојува првото.

Потребни се победи за таа цел. Металург да ја совлада Барселона дома или Вардар да го совлада ПСЖ на гости. Пред почетокот на сезоната да се дискутира за вакви подвизи беше нереално и незамисливо, но формата на ПСЖ, добрите партии на македонските екипи прават амбиентот пред овие натпревари да биде поинаков и со повеќе надеж.

Сепак, да не заборавиме кои се противниците со кои се среќаваат македонските екипа и да не ја креваме летвичката на преголема висина.

ВАЖЕН Е РЕЗУЛТАТОТ ОД ПАРИЗ

За Металург постои една олеснителна околност пред дуелот со Барселона, а тоа е што средбата ПСЖ-Вардар се игра ден порано. Ако победи ПСЖ, тогаш дуелот со Барселона ќе нема резултатско значење за тимот од „Автокоманда“ кој ќе заврши на позицијата број три.

Ако Вардар одигра нерешено, тогаш Металург мора до бод за да остане на трето место. Ако Вардар победи, на Металург исто така ќе му биде потребна победа за да го избегне четвртото место, но не само тоа, таков расплет би им донел голем бонус на играчите од „Автокоманда“ затоа што би го освоиле второто место.

„Важен ни е резултатот од Париз, од тој меч многу работи ќе зависат и за нас. Но, настрана тоа, Барселона е посебен предизвик за сите нас, посебно затоа што на првиот натпревар загубивме со висока разлика. Сега сакаме да покажеме дека тој меч беше само слаб ден за нас и дека можеме да одиграме многу подобро против вака силен противник. Мотивирани сме да одиграме добро пред наша публика и сигурно ќе бидеме подобри отколку на првата средба. Одбраната мора да функционира покомпактно и да не им дозволиме да се размавнат. Ќе биде тежок и интересен натпревар во секој случај“, изјави Филип Миркуловски, централниот бек на македонскиот првак.



АТМАН ПРОБЛЕМАТИЧЕН

Тежок период е зад ракометарите, посебно тие што се репрезентативци, а во Металург речиси сите имаат таков статус. Многу натпревари, многу дуели и сето тоа си зема данок. Најпроблематичен во тимот е Русинот Павел Атман кого камерите во Белорусија повеќепати го уловија како се жали на болки на шутерското раме.

Атман сè уште не тренира со полн интензитет. Ќе настапи на мечот со Барселона в недела, но и натаму е под прашалник колку ќе може да пружи.

РОБИН ГО ПРОПУШТА МЕТАЛУРГ

Барселона го ангажираше моментно третиот голман на Монпеље, Мишел Робин, како замена за повредениот Арпад Штербик, кому му претстои тримесечна пауза по операцијата на менискусот на десното колено.

Робин е 28-годишен голман кој во 2010 година беше прогласен за најдобар голман во Франција, има два шампионски и четири пехари од Купот, но кариерата му беше во застој. Минатиот јуни направи „сообраќајка“ со мотор и мораше да паузира за да ги санира повредите. Во меѓувреме во Монпеље дојде Тјери Омејер, а таму е и Арнауд Сифер, па Робин стана трет голман, а тоа по правило значи минутажа на лажичка. Поканата од Барселона за него може да биде пресвртница во кариерата.

„Да се биде дел од тимот што ги има најдобрите ракометари на секоја позиција е многу важно за мене. Сакам да ја освојам Лигата на шампионите и така да ја направам кариерата поинаква“, изјави Робин по доаѓањето во Барселона.

Сепак, францускиот голман нема да го гледаме во Скопје затоа што право за настап ќе добие дури во нокаут фазата каде Барселона ќе стартува како носител од првиот шешир и ќе добие лесен противник.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...