Висок пораз на Вардар на гостувањето кај ПСЖ

Македонскиот ракометен шампион Вардар вечерва на гостувањето во Париз загуби од ПСЖ со убедливи 10 голови разлика – 35:25 (полувреме 15:12).

„Црвено-црните“ одиграа солидно прво полувреме и само промашените седмерци и „зицери“ ги спречија да одат на пауза со позитивен резултат.

Натпреварот беше решен во првата третина од вторите 30 минути кога домаќините резултатски се одлепија и во 40.минута поведоа со девет голови разлика (22:13), предност што до крајот рутинирано ја одржуваа.

Игор Карачиќ беше најефикасен во македонскиот состав постигнувајќи девет голови, пет реализации имаше Немања Прибак.

Со денешната победа ПСЖ го потврди 2.место во групата Ц, додека Вардар во следната фаза ќе го очекуваат многу посилни противници. Негови потенцијални ривали во елиминациската осминафинална рунда се Веспрем, Кил и хамбург.

Утрешниот дуел од 10.коло во Лигата на шампионите од оваа група меѓу Металург и Барселона ќе нема резултатско значење што се однесува до редоследот на табелата.

Барселона ќе заврши како прва, Металург на третата позиција, а Вардар на 4.место. Од оваа група Динамо Минск и Тун не обезбедија место во ТОП 16.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Се вратил еден ден малиот Игорче од школо со порака од учителката до мајка му. На ливчето пишувало: "Ве молам, научете го Игорче која е разликата меѓу машко и женско".
Мајка му...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
311.- Римскиот цар Константин Први Велики со...
1563.- Кралот Шарл Деветти ги протера Евреите од...
1777.- Роден е германскиот математичар, физичар...
1789.- Џорџ Вашингтон положи заклетва како прв...