Ракометарот на Вардар, Алекс Душебаев синоќа во реванш натпреварот против Хамбург постигна прекрасен гол со кој помогна македонскиот ракометен шампион да го елиминира европскиот шампион од Лигата на шампионите.

Душебаев во 29-та минута со прекрасна бомба го постигна последниот 30-ти погодок за Вардар, а претходно за усшехот на клубот, помогна и одличната одбрана на голманот Ангелов по досудениот пенал.
Конечниот резултат гласеше 30-29 за Вардар на гостинскиот терен во Хамбург и историски пласман во четврт-финалето од Лигата на шампиони.
Погледнете го одличниот гол на Душебаев.