Тренерот на Вардар, Раул Гонзалез е презадоволен од тоа како неговите момци одиграа на вчерашната средба Хамбург и самиот вели дека успеале да го надиграат најдобриот тим.
- Ова што го направивме е фантастично. Успеавме да дојдеме до победа против најдобриот тим во светот. Очекував да бидеме на потребното ниво и да одиграме одличен натпревар, а момците успеаја да го исполнат во целост она што се очекуваше. Одиграа според очекувањата и резултатот дојде сам по себе - вели Гонзалез.

Во однос на ривалот кој треба да го добие Вардар за следната рунда, засега е резервира.
- Едноставно мене ми е сеедно против кого ќе играме. Не сакам да ги бирам противниците. И онака ждрепката утре ќе ни донесе еден од четирите можни ривали. Што се однесува до тоа дали би сакал да играме против Металург, тоа може да биде добро бидејќи така македонскиот ракомет сигурно ќе добие учесник на завршниот турнир - изјави Раул Гонзалез.