Дамите од денеска комплетни

Женската репрезентација на Македонија ги почна подготовките за натпреварите со Италија, закажани за в четврток во Скопје (17:45) и в недела во Фолоника (18:30). Во групата од која само провопласираната репрезентација обезбедува место во баражот за СП е уште и репрезентацијата на Исланд со која ќе играме на почетокот на декември.

Македонскиот тим денеска ќе се комплетира. Последна доаѓа Елена Георгиевска, која во неделата имаше одличен настап на дербито Баја Маре – Букурешт, каде со четири гола помогна во победата на својот тим.

Селекторот Магдинчев е задоволен од тоа што во моментов го има на располагање.

„Се чувствува разлика кај играчите споредбено со претходниот циклус. Најголемиот дел од нив имаат ангажман во странство, градат поинакви кариери и генерално се задоволни, а тоа е многу битно за амбиентот во екипата“, вели Магдинчев истакнувајќи дека во добра форма се Штериова, Саздовски, Десподовска итн.

Италија е противник кој ќе покаже колку Македонија по смената на генерацијата отишла надолу и какви се нашите шанси преку Исланд да стигнеме до бараж. Претходните квалификации не можеа да дадат реална слика затоа што противници ни беа Русија и Германија, екипи со кои не сме излегувале на крај и кога сме имале најсилен тим.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оди Трпе во продавница.
- Дајте ми литар масло.
- Флаша имате?
- Не, ќе го пијам пред врата!
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
СОСТОЈБА: Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози. Во западните делови од државата, на повисоките места се бележат врнежи од снег, но...
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Меѓународен ден на трудот.
1218.- Роден е германскиот цар Рудолф, основач...
1672.- Роден е англискиот писател и политичар...
1858.- Се случи битката на Грахово. По победата...