Металург очекува голема поддршката од трибините против Брест Мешков

Ракометарите на Металург в сабота го играат натпреварот против Брест Мешков во Лигата на шампионите, на кој очекуваат голема поддршка од трибините.

Од вчера напладне пуштени се во продажбата на влезници за натпреварот од 8.коло на Лигата на шампионите, против Брест Мешков.

„Тоа е последната средба од Лигата на шампионите во 2014 година и добра можност за зголемување на нашето бодовно салдо. Иако скромни, шанси за пласман во следната фаза се уште има и затоа победата на оваа средба е од исклучително значење за нашиот тим. Ракометарите на Металург и оваа средба ја посветуваат на своите верни навивачи и очекуваат тие повторно да бидат нашиот осми играч’’ се вели во соопштението објавено на официјалната веб страница на клубот.

За овој натпревар, цените на влезниците изнесуваат: 150, 200, 250 и 300 денари и ќе се продаваат во продажната мрежа на „ОНЕ“ и онлајн на www.karti.com.mk. Сите оние што ќе купат онлајн-влезници, ваучерите ќе можат да ги заменат во билетарата на СЦ „Борис Трајковски’’ на денот на одржување на натпреварот.

Средбата ќе се одигра во сабота, на 6 декември, со почеток во 19 часот.



Прочитајте: затвори
  • РЕПЕРТОАРИ
IDIVIDI Сервиси
IDIVIDI Речник
Powered by MagnumPRO
Download
Временска прогноза

Н/А

Нема
Битола
Н/А
Нема
Охрид
Н/А
Нема
Скопје
Виц на денот
Оглас:
Продавам сперма! Монтажата е бесплатна!

***
-Професоре, имам некое лошо претчувство дека син ми нема да го положи вашиот испит...
-Ајде да се обложиме во 100 евра...
webmail
IDIVIDI Радио
Македонски
Pop
Classical
Dance
Hip-Hop
Jazz
Rock
Ambient
Tehno&Trance
Состојба на патиштата
Веста се ажурира
Верски календар
На денешен ден
- Денеска е Светски ден на борба против астмата
1903.- Во селото Баница, Серско, Егејска...
1912.- Кај селото Фариш, во Дреновската Клисура,...
1928.- Роден е египетскиот државник Хосни...